Надежта како добродетел потврдена и од психологијата

Надежта се дефинира како сложена целост од три ментални состојки: цел, пат и волја.

Наджта не се изедначува со оптимизмот. Високонадежните луѓе за разлика од оптимистите настојуваат секогаш да остварат цели со повисок квалитет. Во ситуации на пречки до целта, оптимистите можат да се без обмислени патишта, или да не водат сметка за повисок квалитет на начините како да дојдат до неа [до целта], иако имаат висока ментална енергија. Оптимистите не ги прифаќаат своите неуспеси, ги сметаат за привремени и како резултат на надворешни сили. Високонадежните ги прифаќаат своите неуспеси трезвено и прават напори да ги решат противречностите со отворен ум – креативно.

Надежното мислење не е генетски програмирано, туку се учи. Ние учиме да мислиме со надеж преку раното искуство. Си поставуваме цели, градиме планови и се поттикнуваме да ги оствариме тие цели. Надминување на пречките, бунтување против забраните, упорност да се совладуваат бројните пречки, во детството градат отпорни личности кои имаат висока надеж. Лицата кои имаат високо ниво на надеж имале родители кои биле добар модел за тоа.

Неизвесноста, хаосот и збрката се непријатели на надежното мислење. Тие водат до сомневање, збрканост, бес, апатија и безнадежност. Постоење правила, ред и предвидливост, го олеснуваат снаоѓањето во средината. Кога ги губиме социоемоционалните врски надежта опаѓа. Луѓето кои ја изгубиле работата или немаат можност да напредуваат во професионалната кариера ја губат смислата на живеење.

Извор: Преобразба на конфликти

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz