Моштите на св. Валентин во Краснојарск

За повеќе околу дилемата за празнувањето на св. Валентин, кликнете тука: Свети Трифун или Свети Валентин?

Со благослов на Епископот Краснојарски и Ачински, г. Пантелејмон, од 10 до 16 февруари во храмот на Рождеството Христово во градот Краснојарск ќе биде положен кивот со честица од моштите и икона на свештеномаченикот Валентин, Епископ Интерамски. Светињата ќе биде донесена во Краснојарск од Орловската област.

Секојдневно, на пладне, свештенството на Рождественската црква ќе служи молебен за умножување на љубовта. Активисти од Мисионерскиот оддел на Краснојарската епархија на платото пред црквата ќе делат флаери со житието на свештеномаченикот.

Икона на свештеномаченик Валентин
Икона на свештеномаченик Валентин

Свети Валентин бил голем светител и исцелител, лекар на човечките тела и души. На душите, исто како и на телата, им е потребно исцеление. Во светот околу нас владее смут и злоба, и затоа сме должни да се молиме Бог на сите луѓе да им испрати добрина, мир и љубов, – изјавил старешината на црквата на Раѓањето Христово, протопрезвитер Максим Смолјаков.

Според познавачите, се работи за обид на Црквата во Русија повторно да го охристови секуларното и прозападно празнување на споменот на св. Валентин.

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz