Моштите на св. Николај Мирликиски, еден од најпрославените христијански светители, вчера пристигнаа во Москва, во навечерието на празникот на преносот на неговите свети мошти во Бари, Италија. Имено, ова е прв пат во речиси илјада години моштите да излезат од градот во јужна Италија. Сепак, во позлатениот 40-килограмски кивот изработен специјално за оваа пригода, не е сместено целото чесно тело на светителот. Имено, медицинските експерти успеале да извадат ребро од моштите на светителот, и токму тој дел е пренесен во Русија, каде што ќе остане до 13 јули, за кога е закажано повторното враќање во Бари.
Оваа ретка можност е последица на средбата што лани на Куба ја остсварија римо-католичкиот претстојател Франциск и Светејшиот Московски Патријарх Кирил.
Оставете коментар
Започнете дискусија!