Монасите и младата девојка

Еднаш двајца монаси патувале по каллив пат. Силниот дожд сè уште истурал, правејќи го движењето многу тешко.

Доаѓајќи до еден крстопат, стретнале млада и убава девојка, која не можела да премине преку надојдената вода.

„Дојди девојко“, рекол постариот монах. Ја кренал и ја пренел преку калта.

Помладиот монах не проговорил ништо до вечерта. Кога стигнале до еден конак, каде требало да преноќат, помладиот монах веќе не можел да се воздржи и прашал: „Ние монасите не приоѓаме блиску до жените, особено не кон младите и убавите. Тоа е опасно. Зошто го направи тоа? Зошто ја крена девојката?“

„Ја кренав и ја оставив девојката таму“, му одговорил постариот монах. „А гледам дека ти сè уште ја носиш на грб…“

Младиот монах веднаш се покајал и ја сфатил големата поука на старецот.

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz