Моменти од животот на свети Порфириј

– Што ве боли оче?
– Сè ме боли.
– А јас, што да направам за да имам радост во животот?
– Читај го Светото Писмо, оди во црква, исповедај се, причестувај се со Светите Тајни – со еден збор: биди добра христијанка. Тогаш ќе ја добиеш радоста што ја бараш. Ти, еве, гледаш дека сум болен, но радосен сум. Така и ти – кога малку ќе се приближиш кон Христа, ќе ја добиеш радоста во твојот живот.

+ + +

Една наша добра позната и многу побожна жена, тешко се разболела. Кога ѝ кажале дека е неопходно да се направи операција, таа ги замолила свештениците и монасите, кои ги познавала, да се молат за неа. Кога, пак, ние го замоливме старецот и тој да се помоли за болната, ни рече: „Ох, колку молитви за нејзино исцелување, се упатени кон Бога!“. По молитвите на Црквата, операцијата поминала успешно и жената оздравела.

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz