Момчето и старецот

elki

Еден богат човек побарал од некој старец да му помогне да го одвикне синот од лошите навики. Старецот го повел со себе момчето на прошетка низ градината.

Застанале на едно место и побарал од момчето да откине една млада билка која растела недалеку од местото на кое стоел. Тој ја фатил билката со палецот и показалецот и ја откорнал. Потоа старецот побарал да откорне една малку поголема билка. Момчето повлекло малку посилно и успеало да ја откорне и оваа тревка.

– А сега, откорни ја оваа – му рекол старецот, покажувајќи на една грмушка. Момчето морало да ја употреби сета своја сила за да ја откорне, но и тоа му тргнало од рака.

– А сега, пробај оваа – рекол старецот, покажувајќи на едно дрво. Момчето го фатило стеблото со рацете и почнал да го влече од земјата. Но, стеблото не се помрднувало.

– Па, ова е невозможно – му одговорило момчето задишано.

– Види, истото важи и за лошите навики – му рекол старецот. – Кога сме млади, лесно е да се ослободиме од нив, но кога ќе се развијат, тешко е да ги искорениме!

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz