Молкот на монахот

Светогорец

Некои философи еднаш посетиле еден старец, и откако тој се помолил, замолчил, плетејќи бројаница и не обрнувајќи внимание на нив.

Тие го молеле, велејќи му: „Кажи нешто, оче!“, но тој продолжил да не зборува. Му рекле: „Но, ние дојдовме токму поради ова: да слушнеме нешто од тебе и да се поучиме.“

Старецот им одговорил: „Вие трошите пари за да научите како да зборувате. Јас го напуштив светот за да научам како да молчам.“

Слушајќи ги ова, тие се зачудиле, и заминале поучени.

Извор: Лимонар

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz