Молитва кон св. Василиј, Острошки Чудотворец

Св. Василиј Острошки

Свет оче Василиј, силен помошнику и милосрден заштитнику, почуј ги и сега нашите молитви, солзи и воздишки. Како добар пастир што ги бара залутаните овци и за нив страда, собери нѐ околу твојот кивот и со твоите чудотворни поуки поучи нѐ да ти благодариме и да Го славиме Отецот Небесен. Нашите души во пороци се мачат, но и плачат како заблудениот син што од својот татко прошка барал, но и како жената што откако се препнала ги признала своите гревови. Согрешивме многу, од знаење и незнаење согрешивме, со горди мисли и себично срце, со дело и збор, но и со неправење на многу добри дела. Затоа, погледни на нас ранетите и во гревот изобличените. Погледни и ублажи ги нашите болки и страдања на душата и телото, и дарувај ни го изгубениот мир, братската љубов и радоста небесна. Те молиме, повикај ги сите светии од нашиот род, сите свети маченици, праведници и преподобни, и заедно со нив моли Го Господа, Кого во Пресвета Троица Го славиме, да ни подари прошка на гревовите и да нѐ спаси од адската погибел, та покаени и поучени да можеме тебе да те величаме, и со тебе да Го славиме беспочетниот Отец со единородниот Син и живототворниот Дух, сега и секогаш, и во вечни векови. Амин.



Тропар на св. Василиј Острошки, гл. 4

Од младоста своја сиот себеси на Господа се предаде,
во молитва, труд и пост пребивајќи, оче богоносен.
Образ на добродетелта му беше на своето стадо духовно;
гледајќи го твоето благопроизволение, за пастир на Својата Црква
и добар архиереј Бог те постави, а по твоето упокоение
твоето свето тело го сочува нераспадливо, свети Василиј.
Затоа, заради твојата смелост пред Него,
моли Го Христа Бога да ги спаси душите наши.

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz