Молитва кон св. Матрона Московска

Блажена Матрона Московска, мироточива икона
Блажена Матрона Московска, мироточива икона

О, блажена мајко Матроно, која со духот на небесата пред Божјиот престол престојуваш, а повторно со телото на земјата почиваш и преку дадената ти одозгора благодат разни чудеса источуваш, погледни сега со твоето милостиво око и врз нас грешните, на кои во таги, болести и гревовни искушенија деновите ни минуваат, утеши нѐ нас, очајните, исцели ги нашите лути болести кои заради нашите гревови Бог ни ги допушти, и избави нѐ од многуте неволји и несреќи. Измоли Го нашиот Господ Исус Христос да ни ги прости сите наши согрешенија, беззаконија и гревови, кои од младоста, па сѐ до денешниов ден ги совршивме, та по твоите молитви, добивајќи благодат и голема милост, да Го прославиме во Троица Единиот Бог, Отецот Синот и Светиот Дух, сега и секогаш, и во веки веков. Амин.

Аудио запис од акатистот кон блажената Матрона,
отслужен од братството на ставропигијалниот Сретенски манастир во Москва



Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz