Седум години OrthodoxWiki на македонски јазик

Овој месец се одбележува седумгодишнината од започнувањето на работата на македонската локализација на Православната енциклопедија OrthodoxWiki (http://mk.orthodoxwiki.org).

На македонската локализација се регистрирани вкупно 130 уредници кои во минатите 7 години создале и уредиле 679 статии. Како следен чекор на администраторите е наведено креирање на 1000 статии до крајот на 2014 година. Истовремено, ќе се работи на подобрување на квалитетот на веќе постоечките статии и шаблони, како и довршување на статиите-никулци, на кои е потребна поголема работа.

Доколку и вие сакате да се вклучите во уредувањето на содржините на Православната енциклопедија, прочитајте ги следните статии – [врска: Категорија: Помош], и креирајте налог на следната врска: Пријава за сметка.

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz