[Обновено] Иларион Алфеев: Изборот на Трамп има позитивно влијание врз меѓународната ситуација

Иларион / Трамп

Победата на Доналд Трамп на американските претседателски избори ја искоментирал претседателот на Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија, Високопреосветениот Волоколамски Митрополит г. Иларион, пренесува грчкиот информативен портал Romfea.gr.

Алфеев изразил надеж дека се надева дека победата на Трамп ќе има позитивно влијание врз меѓународната ситуација.

Сепак г. Иларион нагласил дека „времето ќе покаже каков ќе биде новиот претседател, и дали ветувањата дадени за време на изборната кампања ќе бидат испочитувани. Сметам дека не треба да нè надвладее еуфорија поради победата на републиканскиот кандидат.Но, неговиот избор ни влева надеж за подобрување на меѓународната сцена, за создавање на глобална коалиција против тероризмот.“

„Американскиот народ гласаше за промени, бидејќи Хилари Клинтон не успеа да го убеди мнозинството гласачи“, додаде г. Иларион.

Телеграма со честитки на Доналд Трамп му испрати и рускиот претседател, Владимир Путин, којшто, според прес-службата на Кремљ, изразил надеж „за заедничка работа во излегувањето од кризната состојба на руско-американските односи, и за решавање на итните прашања од меѓународната агенда и потрагата по ефективни одговори на предизвиците на глобалната безбедност“.

Републиканецот Доналд Трамп денес e избран за претседател на САД, откако ја победи својата политичка ривалка од Демократската партија Хилари Клинтон со 279 наспроти 218 гласови, додека за победа на претседателските избори потребни се 270 гласови.

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz