Муслиман осуден на смрт поради убиство на египетски Копти

Еден 50-годишен муслиман од Египет беше осуден со смртна казна во понеделникот, откако оптужбите за убиство на два Коптски христијани во јужен Египет во ноември 2011 година.

Судот во Сохаг, град што се наоѓа 500 km јужно од Каиро го осудил Махмуд Абдел Назир за убиството на двајца Копти, и ранувањето на тројца други, при неговиот обид за одмазда на наводното убиство на неговиот брад од страна на Копт. За да биде правосилна, пресудата треба да биде потврдена од египетскиот Велик Муфтија.

Коптските христијани сочинуваат 10 проценти (околу 8 милиони) од целосната египетска популација. Затегнатоста меѓу муслиманите и египетските копти не се реткост. Во последно време тие се изложени на сериозни напади врз нивната безбедност и живот. Според извештаите на светските новински агенции, христијаните се секојдневно тепани, нивните продавници спалувани, а нивните имоти ограбувани. Напаѓачите не го кријат својот гнев, и често изјавуваат дека „секој христијанин кој ќе се осмели да го напушти домот (односно ќе излезе на улица) ќе биде убиен“.

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz