Мисли за исповедта

Ако ме прашувате кога треба да се исповеда човек, ќе ви одговорам на следниот начин: еден разгален и нежен младич го запрашал еднаш Диоген кога точно треба да се јаде, т.е. во кој час од денот. Тој му одговорил со вообичаената остроумност: ако е богат, нека јаде кога сака, а ако е беден – кога може. На тој начин овој старогрчки мудрец сакал да му каже дека е тешко да се определи часот за јадење. На прашањето, кога еден Христијанин треба да се исповеда, јас одговарам: ако е стар, уште денес нека се исповеда, а ако е млад – може утре. Всушност, неточно се изразувам. И стариот, и младиот човек треба што поскоро да се исповедаат. – Зар не може да се причека, – ќе праша некој од вас, – до Страсната Седмица, на пример? Но, нели болниот не чека до Велигден за да повика лекар, зошто тогаш и грешникот да чека и да ја одложува средбата со духовникот? Тоа е голема заблуда. Како може да се чека со исполнувањето на исповедта, кога никој не знае колку ќе живее?

Св. Илија Кефалониски

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz