Меѓународна летна школа: „Локалноста и меѓуграничната размена во средниот век“

csm_egsamp_logo

Во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид од 16. до 22. август ќе се одржи Меѓународната летна школа на тема „Локалноста и меѓуграничната размена во средниот век“ во организација на меѓународната академска мрежа ЕГСАМП – Европска дипломска школа за античка и средновековна филозофија и Катедрата за систематско богословие при Богословскиот факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје при Универзитетот „Светите Кирил и Методиј“(УКИМ). На школата ќе учествуваат околу 40 учесници од Германија, Италија, Русија, Украина, Бугарија, Црна Гора и Македонија, меѓу кои се и познатите професори: Андреас Шпеер (Келн), Михаил Хорков (Москва), Георги Каприев (Софија), Диана Ди Сењи (Лече), Микоња Кнежевиќ (Косовска Митровица), како и на нивните докторанти и магистранти.

Повеќе информации, како и програмата на школата се достапни на следните врски: Летна школа на Egsamp и ПБФ и CFP: EGSAMP Summerschool 2016 in Ohrid, Macedonia.

ЕГСАМП претставува мрежа на елитни научно-истражувачки институции од дваесет европски универзитети, која има за цел да ја зајакне соработката меѓу нив и да го подигне нивото на нивната академска дејност. Особен акцент е поставен врз меѓугенерациската размена на искуство и знаење, поради што повеќето од активностите на мрежата вклучуваат заеднички ангажмани на реномираните професори со нивните помлади колеги и студенти.

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz