Мали добри дела

devojce-liturgija

Протоереј Андреј Јуревич – за тоа како да се прават добри дела, кога немаме пристап до затворениците, а бездомникот не може секој да го донесе дома…

Сметам дека денес не е потребно да се бараат сиромаси за да им се помогне. Познато е дека и богатите плачат, па затоа, сосема е непотребно специјално да се бара сиромав, бездомник или ограбен човек. На човекот му е потребна секаква помош. На еден – материјална, на друг – добар збор, на трет – поддршка, на четврти – совет, утеха, едноставно, да поразговара, да се отвори некому.

Барајте. Барем, трудете се да откриете. Луѓето денеска се интровертни. Секој свртен кон себеси. Страшни егоисти, потполно себични. Размислуваат само за себе. Дури и разговорот со некој човек нив ги преоптоварува, им станува тежок: „Зошто пред мене ги истураш твоите проблеми?“

А ти – навлези во неговиот проблем! Сослушај го човека. Биди трпелив и не прекинувај го. Но, после седум секунди од почетокот на разговорот ние го прекинуваме човекот: „Да, а јас…, а јас имам…“. А, тој само што започна да раскажува за себе. Ислушај го до крај – тоа ќе биде добро дело.

Да, добри дела – колку што сакате. Отстапи го местото во автобусот, помогни ѝ на слепата жена да ја премине улицата, понеси ѝ ја тешката чанта на женичката, отстапи го твоето место во редот за чекање.

Возиш на улица, а оддесно доаѓа возило. Не отстапуваш, попрво ќе предизвикаш сообраќајна незгода. А ти, дај му предност, на еден, на друг, на трет, на четврти… Ќе поминеш после пет возила, после десет секунди. Но не: со какви сè не зборови ги нарекуваме оние кои итаат да завртат: „Каде одиш! Русокоса!“ Ете, да дадеш предност некому – зарем не е добро дело? Та тој, веќе позади тебе со светлата ти даде знак; тој е веќе во подобро расположение.

Добрите дела можат да бидат малечки, а можат да бидат и големи.

Да не „пиеме крв“

Постот без добри дела апсолутно никому не годи.

Во таа смисла, може да си спомнеме за еден расказ за царот Иван Грозни и Василиј Блажени.

Еден ден за време на Великиот Пост, Иван Грозни го поканил Василиј Блажени кај себе на трпеза. Тој седнал, се разбира имало посни јадења: навидум, царот сè извршувал. А Василиј го прашал: „Иван, каде е месото?“ – „Василиј, кое месо? За што зборуваш? Велики пост е!“ На што блажениот одговорил: „Ах, ти, лукав тиранину, месо не јадеш, а крв пиеш“ (крвта се спомнува, бидејќи се лиела по реката).

И ние сме многу често ситничави: кога е период на сувојадење, не јадеме риба, масло – многу продукти, но затоа од нас плачат и се жалат блиските. Им ја пиеме крвта.

Постот не е цел. Како и секоја одредба во Црквата, тоа е норма, правило – воопшто, средство. А целта на човекот, на неговиот живот воопшто е само едно – да се спаси. А како би се спасил, потребно е да ги користи определените средства.

Оставете коментар

3 Comments on "Мали добри дела"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted

ке може ли да ми датете идеа за да напишам состав на тема Направив добро дело? Ви благодарам!

Ке може ли да ми напишете состав на тема Направив добро дело, секао ако ви текне, ви благодарам!

Ке може ли да ми дадете едне состав на тема Направив добро дело

wpDiscuz