Малечка улога во прв план

Деца

Животот е како холивудски режисер – ги сака крупните планови. Дури и кога едноставно му подавате на детето бонбонче – ваков кадар, покажан на целиот екран, може да биде ударна сцена во филмот. Критичен момент на сижето.

Уште Достоевски велел, дека сеќавањето на еден топол збор или дело може да го измени сиот живот на човекот. Пет минути од нашето време посветени на некого, можат во животното сценарио да останат како фасцинантно поглавје, кое човекот ќе го препрочитува повторно и повторно.

Една моја пријателка – педесетгодишна жена, израсната како една ќерка единка, ми раскажуваше за нејзиното детство. Се сеќавам на нејзиниот расказ за тетка ѝ.

Таа била строга жена, неразговорлива, често под дејство на алкохол, за што не можела да создаде семејсво и кон педесеттите години „изгорела“ од вотка.

Но, еднаш таа ѝ подарила кукла на мојата пријателка. А во тие поствоени години, во осиромашеното украинско село тоа бил кралски подарок. Куклата била со долга, црвеникава коса. Ѝ била многу драгоцена на мојата пријателка. Моментот на давање на подарокот – вадењето на таа елегантна човечка копија од чантата,од небитие, детето (мојата пријателка м.з) го запомнило како светол блиц. Тој ден таа озарела, и уште неколку години црвенокосата парталава девојка ја делела со својата сопственичка во долгите селски ноќи.

Оваа кукла станала една од најблескавите случки од детството. Топлото чувсто и благодарноста кон тетка ѝ, ја пратеа низ целиот живот.

* * *

Мојата мајка во младоста работеше на едно градилиште. Тие носеле кофа со раствор на погорните спратови од зградата. А чуварка на зградата била една постара жена, која немала никого и живеела во колиба на крајот од градилиштето. Колку многу биле немажени во тоа време, после војната…

Мајка ми ѝ подарила една обична марама. Таа тогаш заплакала. Долго ѝ благодарела на мајка ми. Ја носела таа марама како најдраг украс и на сите им го покажувала – „видете, Тања ми подари марама.“

Знам уште еден човек кој оди во детски дом за време на викендите. Тој веќе ја заборавил илузијата дека може да ги превоспита тие деца. Да ги одучил да престанат да пушат, или да не дишат лепак и да им всади љубов кон учењето.
Тој им носи чај во термос на две деца, со кои се зближил. Тоа станало ритуал – тие излегуваат во двор и пијат чај со бонбони. Секоја недела.

Можеби, еднаш, кога ќе пораснат, ќе побараат работа и нема да најдат, или кога ќе се сретнат со човечката неправедливост – споменот за топлиот термос со чај ќе ги заштити од некоја лоша непромислена постапка.
Таквите ситници се малечки завртки кои се способни да го сочуваат од уништување кревкиот скелет на судбината, кој чкрипи од прекумерните животни товари.

* * *

Животот е како огромен ранец, кој ни ги трие рамењата. Никој не знае, кога каишот болно ќе го затегне рамото, тежината врз грбот ќе стане неподнослива, присакувајќи сè да фрлиме и да паднеме олабавени во снег.

И каква мисла ќе ни дојде во глава. И која мелодија ќе биде пуштена во радиото во автобусот. И што ќе рече (или направи) човекот кој ќе се најде покрај него. Ќе сфати ли, дека неговата епизодна улога е улога на целиот свет. На рамнодушниот или сочувствителниот.

Многу е важно како ние ќе ја одиграме таа епизода. Да се завртиме наназад, и да ја оставиме идејата на Режисерот (се мисли на Бога м.з). Или ќе посегнеме во џебот за бонбони.

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz