Мачеништвото во бракот

Свети маченици, вие кои добро се подвизувавте и се овенчавте, молете Го Господа да ги помилува нашите души.

Свјати Мученици, иже добрје страдалчествоваше и вјенчавшесја, молитесја ко Господу, помиловатисја душам нашим.

Венчание

Овој тропар се пее за време на тројниот кружен вход околу аналојот поставен среде црква, за време на чинот на овенчување (стапување во брак). Се пее и при ракополагање. Се пее во исчекување на мачеништвото, или сведоштвото на себепринесување и себежртвување што се очекува од свештенството, но и од царското свештенство – брачните луѓе кои се повикани да служат меѓу себе, но и на другите во нивната домашна црква.

Зошто денес размислувам за ова? Затоа што еден мој братучед, банкар, синоќа ми испратил мејл, во кое на маргините спомнал дека работи ноќна смена во банката; имено, луѓето од банката сакале да овозможат трговија за време на азиските работни часови, и така, тој сега работи ноќе. Сопруг и татко на три деца, дење доаѓа дома за да дремне, а ноќе оди на работа. Смирено ми напишал: „Тешко е, но велат дека ќе трае само две недели“.

Денес да се потсетиме на „невоспеаните херои“ и маченици на нашата Црква, брачните христијани. Колку мажи и жени се секојдневно на работа, пред компјутер, на машина, и секаде низ светов, работејќи секакви работи кои не ги исполнуваат, се вклучуваат во разно-разни туѓи бизниси и претпријатија, само за да ги издржуваат нивните семејства? Се молам секој од нив да биде благословен на својот крстоносен пат, кој ретко кога се признава како таков, но кој, со сигурност, ќе ги овенча со маченички венци.

Сестра Васа Ларин

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz