Луѓето ги затвориле прозорците кон рајот

crkva-albuquerque

Секој човек се искушува, се навлекува и подлегнува на [од страна на] својата сопствена похота. Потоа, похотата, откако ќе се зачне, раѓа грев, а извршениот грев раѓа смрт – вели св. ап. Јаков.

Човекот пред сè се измачува од гордоста и егоизмот. Тие ги нарушуваат неговите односи со најблиските.

Затоа живееме во епоха на психолози и психијатри. Но, ако сме смирени и во нас има љубов, тогаш нема да имаме проблеми.

Смирениот не се плаши да падне, бидејќи нема каде подолу да оди. Што и да се случи во него, тој останува спокоен и мирен. Во оној што има Христова љубов, сè во него е просто и средено.

Гордоста и себељубието се основни непријатели на животот во Христа. Овие погубни страсти ги оттурнуваат и дезорганизираат творечките духовни сили на умот и предизвикуваат непоправливи психички растројства. Тие предизвикуваат димензии на невротична гордост врз логиката и волјата. И на крајот на краиштата, успеваат да стават ѕид помеѓу душата и Христа. А човек кој живее без Христа, го губи човечкиот облик, се демонизира и душата се трауматизира. Лекарите, душевните трауми ги нарекуваат душевни заболувања. Но, човек што сака, со помош на духовен подвиг, може да се ослободи од нив. Светоста го менува и го спасува. А кога се осветува душата, тогаш се осветува и телото.

Луѓето од современото општество живеејќи во наслади и имајќи сè, живеат како да немаат ништо, бидејќи Го немаат Христа.

Затоа ординациите на невролозите, психолозите и психијатрите се полни со болни, а лекарствата се даваат како бомбончиња.

Со изгонувањето на Божата љубов, од животот се изгонува и мирот и радоста Христови. Луѓето ги затвориле прозорците кон Рајот, а свештените пребивалишта за душите станале индивидуални келии на тага, злоба, завист, одмазда и смут, за да се остварат вистинските зборови на Апокалипсата: „Ти носиш име дека си жив, а си мртов“.

Но, ако посакаме се решиме да ја отвориме вратата на нашето срце, за да влезе низ неа Христос, за да престојува во целата наша душа и да го просвети нашиот ум, тогаш ќе исчезне секоја тешкотија, сето растројство и тага и тогаш нема да ни се потребни лекови.

Свети Порфириј Кавсокаливит

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz