Љуби ме таков каков што си

Дали некогаш си размислувал, сине, дека Јас ги знам твоите неволји, твоите страданија, и борби, и слабостите на твојот живот? Јас го познавам и твојата плашливост, гревовите твои, и покрај сѐ ти велам: дете Мое, дај ми го твоето срце и љубиме таков каков што си. Во секој момент и во секоја ситуација во којашто се наоѓаш, во восхитот и потиштеноста, во верата или неверието, љуби ме таков каков што си.

Јас ја сакам љубовта на твоето осиромашено срце. Оти, ако чекаш да бидеш совршен за да ме љубиш, тогаш никогаш нема да ме љубиш. Ако чекаш да станеш ангел за да ѝ се предадеш на љубовта, тогаш никогаш нема да ме љубиш. Ако си слаб во исполнувањето на своите должности, и вежбањето на добродетелите, и ако често паѓаш во оние гревови кои што не сакаш да ги правиш, Јас ти дозволувам да ме љубиш. Љуби ме таков каков што си.

Зар не би можел Јас од секое зрно песок да створам ангел серафим кој зрачи со чистота, племенитост и љубов? Зар не сум Јас семоќен? Но, доколку Јас сакам да ги занемарам овие извонредни битија, и да ѝ дадам предност и вредност на сиромашната љубов на твоето срце, не Сум ли Јас Господар на Мојата љубов?

Дете мое, дозволи ми да те љубам. Јас твоето срце го љубам. Со време, ќе те преобразам, но денес и секогаш, љуби ме таков каков што си.

Сакам ова да го правиш: сакам да видам како од длабочините расте твојата љубов. Те љубам и тебе и твоите слабости, и ја љубам љубовта на сиромашните и бедните. Сакам од твоето срце да го слушнам непрестаниот повик: „ Господи Исусе, јас Те љубам“.

Единствено ја сакам песната на твоето срце, а не твојата мудрост и таленти. Кога би ти ги дал нив, ти, бидејќи слаб, со нив би го хранел своето самољубие! Само еднo е важно за Мене: да видам што правиш со љубовта. Би можел да те одредам и за големи нешта, но не – ти треба да бидеш бескорисен слуга. Уште повеќе, и она малку што го имаш ќе ти го одземам, оти за љубов те створив.

Денес стојам пред портите на твоето срце како просјак – Јас, Царот на царевите. Тропам и чекам, побрзај да ми отвориш. Не се вади со твојата бедност. Кога вистински би ја согледал својата сиромаштија, ти би умрел од болка.

А она што би ме заболело е токму тоа да видам дека се сомневаш и губиш доверба во Мене. Сакам да мислиш на Мене секој час, и дење и ноќе. Исто така сакам и безначајните работи да ги обавуваш од љубов кон Мене. Сметам на тебе, на тоа да ми ја даруваш радоста. И не се грижи затоа што не ги поседуваш овие добродетели. Јас ќе ти ги подарам Моите. Ако страдаш, ќе ти подарам сила. А ако ми ја даруваш љубовта, Јас толку многу ќе те дарувам, што ќе љубиш повеќе одошто можеш да сониш.

Мисли на тоа да ме љубиш таков каков што си. И нека биде што биде. Не чекај да се осветиш за да можеш да ме љубиш. Тогаш, никогаш нема да ме љубиш. А сега, дете мое – оди, оди си!… И љуби ме таков каков што си.

Јеросхимонах Серафим Вирицки

Оставете коментар

1 Comment on "Љуби ме таков каков што си"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted
Ne moze covekot da zivee bez ljubov bideki taa samata vo nego se budi i zagospodaruva so nego i toa nie dadeno od Boga i od prirodata ne nie dadeno samovolno da se rakovodime vo nasiot vnatresen svet da otstranuvame edni dusevni sili da gi zamenuvame so drugi i da nasleduvame novi ne svojstveni za nas Ne moze covekot da zivee bez ljubov i poradi toa sto taa e glavna izbiracka sila vo zivotot Zivotot e slicen na ogromen od site strani bezkonecen potok koj se nafla na nas i ne nosi so sebe Ne moze covekot da zivee bez… Read more »
wpDiscuz