Енциклопедија: Литургиски блаженства

Познато е дека евангелските блаженства претставуваат духовни состојби кои се откриваат во христијанинот во зависност од тоа колку тој ги исполнува евангелските заповеди; (исто така, познато е дека) блаженствата се откриваат едно по друго, се раѓаат едно од друго.

Блажени се бедните по дух зашто нивно е царството небесно
Блажени се оние што плачат зошто тие ќе се утешат
Блажени се кротките зошто тие ќе ја наследат земјата
Блажени се гладните и жедните за правда зашто тие ќе се наситат
Блажени се милостивите зошто тие ќе бидат помилувани
Блажени се чистите по срце зошто тие ќе го видат Бог
Блажени се миротворците зошто тие ќе се наречат Синови Божји
Блажени се гонетите заради Правда зошто нивно е Царстовот Небесно
Блажени сте вие кога ќе ве страмат и прогонат и кога ќе говорат против вас секакви лоши зборови лажно заради мене
Радувајте се и веселете се зошто голема е вашата награда на небесата.

„Внимателното пазење на евангелските заповеди го научува човекот колку е слаб“ – Свети Симеон Нов Богослов. Тоа значи: она што го нарекуваме бедност по дух, од кое се раѓа духовен плач, од себе ја родува кротоста.

Свети Игнатиј Брјанчанинов
Енциклопедија на православниот духовен живот

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz