За додавањето на призивот „Пресвета Богородице спаси нè“ во ектениите

За додавањето на „Пресвета Богородице спаси нè“ во ектениите кои ги говори ѓаконот, или во неговото отсуство свештеникот, кога името на Пресвета Богородица се спомнува заедно со украсните придавки што го пратат [„…Пресветата, Пречиста, Преблагословена, Славна Владичица наша Богородица и Секогаш-дева Марија…“]

Овој додаток не го среќаваме во ниту еден ракопис или печатено издание. Тоа покажува дека се работи за една понова навика која нашето литургиско предание не ја потврдува. Зошто се кажува тоа? Ова е лесно да се објасни. Во нашиот народ почитта кон Пресвета Богородица била и е многу голема, и тоа со право. Штом ќе го чуеле нејзиното име, верните се осенувале со крсен знак и во себе ги изговарале призивот вообичаен во другите литургиски случаи. Така и во Светата Литургија после осветувањето на светите Дарови, на почетокот од читањето на диптихот, започнало да се додава нејзиното величание, што на крај и преовладало. Истиот случај го имаме и со „Спаси го, Господи, народот Твој…“ на Утрената, при што многу псалти додаваат и соодветни призиви кон Богородица и другите Светители. Тоа обраќање ниту во овие случаи, ниту при завршетоците на ектениите не е правилно. Барем преданието и правилниот литургиски поредок не го потврдуваат. Покрај тоа, [овој призив] со еден непотребен додаток ја прекинува реченицата со која ѓаконот му се обраќа на народот, засенувајќи го нејзиниот севкупен смисол и пренесувајќи го нејзиното тежиште од Христос и предавањето на нашиот живот Нему, врз молитвите на Пресвета Богородица.

Проф. д-р Јован Фундулис
„Литургиски недоумици“

Оставете коментар

2 Comments on "За додавањето на призивот „Пресвета Богородице спаси нè“ во ектениите"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted

Почитуваниот професор Фундулис (Царство му небесно) сепак не говори дека припевот “Пресвета Богородице спаси нè” е догматски или канонски погрешен. Не би било лошо, заинтересираните (а особено протестанствујуштите) да го погледнат целото поглавје на оваа тема. http://www.pouke.org/news.php?do=view&id=8608&cid=0

С`е се прочисти, с`е се поправи, с`е се врати на древнохристијанското предание, па остана уште призивот „пресвета богородице спаси нас“… а нашиот евангелски живот? се врати ли тој на нивото на евангелскиот живот на древните Христијани? Господ на едно место луѓето ги спореди со децата… и ние така прекрасно се чувствуваме кога си играме литургија на ист начин како што некогаш служеле древните Христијани… ќе одиме еднаш на Света Гора, другиот ден на сите им зборуваме за типик… ќе поминиме една година во Солун на курс по грчки, уште од првиот месец зборуваме дека сме единствени експерти во МПЦ за… Read more »
wpDiscuz