Литургијата е наше семејство

Божествената Литургија е вистински дар од Духот Свет на човештвото. Таа е воведување во тајните на Духот, начин на откривање на Бога и сè небесно. Не постои нешто во Литургијата, а тоа да не е откривање на Божеството и енергиите на Света Троица.

Бидејќи знаеме и веруваме дека Бог е нашиот Отец, на црквата гледаме, а особено кога во неа ја совршуваме Литургијата, како на наш дом. Слободно влегуваме и излегуваме, радосни сме што сме тука, се прекрстуваме, палиме свеќи, разговараме со нашите пријатели, и лесно е да се забележи дека ние, православните, ја чувствуваме црквата како наш дом. Нашето семејство е собранието (синаксисот) на Црквата. Нашето семејство не се само нашите деца и роднини, колкубројни и да се тие. Попрво, нашето семејство сме сите ние, сето човештво, вклучително и оние кои застраниле, и оние кои сè уште не Го познале Бога, и оние кои се осмелиле да признаат дека срцата им се исполнети со таги и жалости, за кои пак, се надеваат деа ќе им ги отворат небесата, за Бог да ги чуе, но се двоумат и срамат. Литургијата е наше семејство, наше собиралиште, наш дом.

Колку само голем дом е Литургијата! Заедно со нас се и оние кои се отсутни, заедно со грешниците, заблудените и упокоените, дури и оние кои се во пеколот, а кои можат да се сетат на Бога. И којзнае колкумина од нив ќе се утешат, ќе се извлечат од адот, ќе се поткренат од пеколните длабочини, благодарејќи на молитвите на Црквата, помените и заупокоените Литургии.

Ова е нашиот дом. Ние, верните имаме голема куќа!

Старец Емилијан Симонопетриски

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz