Дали Литургијата е само еден културен настан?

Нашата Литургија мора да биде автентичен чин на собирање и дело на Народот Божји, а не формалност. Се плашам дека, доколку не сториме нешто по ова прашање, ќе го изгубиме и последниот бедем за соочување не само со глобализмот, туку и со било кој друг предизвик. Лично верувам дека соочувањето со глобализмот е возможно на следниот начин: доколку Литургијата, наместо да им служи на инстинктивните „религиски“ потреби за психичка сигурност внатре архитектонскиот простор кој ги задоволува метафизичките потраги, стане „дело на народот“, тогаш ќе дојдеме до изворниот и вистински смисол на евхаристиското принесување во перспектива на Воскресението.

Но, за да се постигне иконизмот на Царството, литургиското пеење треба да биде ехо на рајското славословење, а не сентиментална хорска еуфорија; нашата иконографија треба да го осликува обединетиот пејзаж на небесниот Ерусалим, а не барокно-натуралистичката неискупеност на хорохроносот; новата химнографија треба да се ослободу од потчинетоста на рационалното, (да биде) предадена на новиот опит на Парусијата; од храмовното осветлување треба да отсуствуваат вештачките светлосни ефекти; читањето и пеењето да се ослободи од дидактичките манири и ентузијастичките анимирања; проповедта (да биде) ослободена од реторички екскурси во нецрковна тематика итн.

На тој начин Литургијата ќе обликува во нас еден етос којшто ќе служи како антидот не само за глобализмот, туку и како антипод за тесниот локализам. Литургијата нè воведува во потполно нова стварност, во вистинската земја на Чудеса, чие разбирање и учествување во неа треба да се освојува со вера, надеж и љубов!

Г. Д-р. Максим, Епископ Западно-американски
Извадок од интервју

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz