Либерален vs идеолошки атеизам

Либералниот атеизам би требало да се занимава со слободата на изборот. Во принцип, тој тоа и е. Либералните атеисти ичекуваат нивниот избор и слобода на избор да се почитуваат, подеднакво како што тие го почитуваат изборот и слободата на другите.

Проблематичен е идеолошкиот атеизам. Идеолошкиот атеизам не само што настојува идеолошки да ја десакрализира религијата (како што било случај, на пр., со комунистичките режими во минатото, а со Pussy Riot и сл. денес), туку се користи и со науката како идеологија за „објективно да докаже“ не само дека оние другите [кои веруваат] не се во право, дека се во заблуда, туку и дека [истите тие] се примитивни, со помала вредност, се пониско на еволутивната лествица, па дури и „контраеволуциони“, т.е. дека се штетни за човештвото. На тој начин идеолошките атеисти сакаат научно да ја потврдат својата супериорност и да го оправдаат своето идеолошко делување, убедување, како и мотивите за елиминација на другите и различните.

Идеолошкиот атеизам е идеологија како и секоја друга, и со него може да се користат сите оние на кои им одговара: без разлика да се работи за XIX, XX или XXI век, дали се работи за источниот или западниот блок, дали неговите жртви и мети се кафеави или црни луѓе – идеологијата што се заснова на науката, конкретно на дарвинизмот, социјал-дарвинизмот, расната хигиена, евгениката, во последните два века има однесено повеќе жртви отколку сите верски војни во последните две илјади години заедно. Имено, перверзната идеологија на надмоќта на белиот човек на планетата, инспирирана од дарвинизмот, скапо ги чинеше милионите луѓе за време на колонијалните пустошења и двете светски војни за доминација над неевропските народи и предели.

Најопасна е онаа идеологија која, како и отровот, е без вкус и мирис: може да ја има насекаде и во сè, а е незабележана и неизолирана, а со самото тоа и посмртоносна од сите други; таа навидум е и невина – ниту смрди, ниту мириса.

Денес, идеолошкиот атеизам не прави ништо за да воспостави мир, туку напротив: активно ја води својата верзија на верска војна, така што на идеолошките атеисти навистина не може да им се забележи кога тврдат дека верските војни и ден денес се виновни за најголемиот број жртви.

Дамир Никшиќ

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz