Лекување на депресијата

lekuvanje-na-depresijata

Психогените депресии се проблем на личноста и се лекуваат првенствено со духовни и со психолошки средства. За православниот човек ова значи борба со страстите и приближување кон Христос со трпение, смирение, незлобливост и љубов. Паралелно со ова, секако, важни се: краткотрајниот одмор, физичката активност, разумното и душеполезно општење. Добро е и ако се помине циклус терапии за општо закрепнување, нужни се свеж воздух и доволно сон.

Ендогената депресија, по правило, не може да се излекува без соодветни лекови. Тие се неопходни, а ги одредува лекар-психијатар. Во низа случаи потребна е хоспитализација и интезнивна терапија во стационарни услови.

Обидите да се ограничиме, во овој случај, само на советување и убедување се практично јалови. Да се оцени ваквата потиштеност како гревовна страст е погрешно. Овде станува за болест, за психопатологија.

Кај скриените и соматогените депресии исто така неопходна е медикаментозна терапија.

Депресивните растројства се лекуваат претежно со антидепресиви. Нашиот мозок се состои од огромно количество нервни клетки – неврони, Невронската врска, т.е. врската меѓу невроните, се остварува преку синапса (синапсата е тесна шуплинка меѓу невроните). Невроните меѓу себе непосредно не се допираат. Емисијата на информацијата од еден неврон до друг и нејзиното пренесување преку синапсите ја врши хемиски посредник- медијатор. Постојат стотици медијатори, а откриени се 30. Кога човекот боледува од депресија, во мозокот се намалува концентрацијата на медијаторите, како наорадреналин, серотонин, допамин. Антидепресивите ја регулираат (ја зголемуваат) концентрацијата на овие биогени амини. Задачата на лекарот е правилно да го одбере лекарството.

Во аптеките се продаваат разни лекарства на база на кантарион, кој е природен антидепресив. Кај полесните форми на депресија тие може да се земаат самостојно. Врз нервниот систем благотворно влијаат суво грозје, суви кајсии, мед. Добро е да ја напоменеме и ползата од зајакнувањето на организмот. Голема улога игра соодветната физичка работа, а ова особено се однесува на младите луѓе.

Ако човек никако не може да се справи со потиштеното расположение, тогаш е нужно да се обрати на лекар.

„Униние и депресија“
д-р Димитриј Александрович Авдеев
Струмичка епархија

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz