Шест кратки поуки од старец Паисиј

paisios

1. За противењето на сè поголемите морални соблазни, старецот го рече следново: „Потребна е внимателност. На братот наш му треба помош. Ќе го прифатиме она што го кажува како оправдување, и со љубов ќе му помогнеме. Ако сите го презрат, што ќе се добие од тоа? Нема пат до Месечината за таму да можете да побегнете. Потребна е внимателност и љубов. Должни сме да се ставиме во положението на другиот за да го разбереме.“

2. Ѓаволот постојано нè наговара да се споредуваме со оние што се полоши од нас.

3. Лесно е да се роди дете, но тешко е да се воспитува.

4. Говорејќи со едни млади теолози, старецот им рече: „Свештениците не се грижат да ги наполнат малите црквички, туку сакаат да градат големи храмови, како би изгледало дека се зафатени  со работа.“

5. Исто ним, им додаде: „Потрудете се да станете свештеници, а не попови, и епископи, а не владици. Едно е свештеник, а нешто сосем друго е поп; едно е епископ, а нешто сосем друго владика.“

6. Честопати  се случува наместо орел, каква што би требало да биде државата, таа да се претвори во чавка што ги колве своите граѓани. На збор е подготвена да умре за нив, додека во стварноста, не прави ништо.

 

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz