Космичка прашина

Ова „јас” сега

Сепак значи пребарување по кутиите со стари писма, текстови, дневници. Бришење на космичката прашина што се наталожила од едно прокоцкано меѓувреме уништено од немукает, од немање волја за Ништо, како единствена полнота на можната смисла.

Чудниот несуден философ на моето десно раме, спие во вид на малечок показалец, вперен во небо. Одбројува, ме потчукнува. Понекогаш, ме прашува за истоветноста, со себеси.

Да можев да кажам барем една проста реченица… Вака, молчењето покрива сè.

Лажните имиња, големите љубови, потенцијалните скандали, и тоа дека 2 не се покорува пред супериорноста на 3.

Галијана Маркова
Полигони
Темплум, 2003

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz