Коптска венчавка

Коптите се христијански народ населен долж реката Нил. Не примиле ислам во времето на арапските, ниту во времето на турските освојувања, туку останале христијани. Да се биде Копт е истовремено се исповеда и етничка и верска припадност. Верски, тие се православни дохалкидонци (односно, ги прифаќаат исповедањата само на првите три Вселенски собори), а за свој застапник го сметаат светиот апостол Марко, просветителот и првиот поглавар на нивната помесна Црква.

Употребата на коптскиот јазик денес е ограничена во рамките на богослуженијата, додека секојдневно Коптите го користат арапскиотјазик. Коптското христијанско предание е уникатно, древно и доста интересно. Затоа, како илустративен пример ви ја пренесуваме оваа снимка од коптска венчавка. Се надеваме дека ќе ви се допадне.

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz