Копијата на чудотворната икона на Пресвета Богородица „Брзопослушница“ тргна кон Струмица

„Душата моја го велича Господа и мојот дух се зарадува во Бога Спасителот мој…“

Во декември минатата година јавивме за чудото што се случило во светогорскиот манастир Дохијар, кога нем струмичанец за прв пат проговори пред чудотворната икона на Мајката Божја. Речиси три месеци подоцна, со радост и благодарност ја пренесуваме веста дека утре, во Втората недела на Чесниот Пост, Неделата на Св. Григориј Палама, 12 март 2017 по Хр., во градот Струмица ќе се одржи големо црковно-народно торжество по повод пристигнувањето на копијата на чудотворна икона на Пресвета Богородица „Брзопослушница“ од светогорскиот манастир Дохијар. Торжеството ќе започне со Света архиерејска Литургија во храмот „Св. Григориј Палама“, во 08:45 часот, со која ќе началствуваат: надлежниот архиереј, Високопреосветениот Митрополит Струмички г. Наум Струмички и Високопреосвештениот Митрополит г. Тимотеј Дебарско-кичевски.

Во 13:00 часот иконата ќе биде пречекана на плоштадот „Гоце Делчев“ во центарот на градот, а потоа со свечена литија ќе биде пренесена во Манастирот „Свети Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици“, каде што и ќе остане засекогаш.

Еве и видео од денешното превземање на копијата на чудотворната икона од светогорскиот манастир.

Доколку сте во можност, бидете и вие дел од оваа радост утре во 13:00 часот во Струмица.

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz