Контрацептивни средства

Втор дел од „Планирање семејство или избирање живот“

Од медицински аспект, контрацепцијата претставува преземање постапки и мерки за заштита од несакана бременост. Таа може да биде механичка, хемиска, природна, хормонска и хируршка контрацепција. Овде би се задржале само на некои видови од нив.

Мајка и дете

Хормонската контрацепција ги опфаќа контрацептивните таблети што содржат ниски дози на хормони естроген и гестагени. Дејствуваат на тој начин што ја спречуваат овулацијата (созревањето и ослободувањето на јајчната клетка од јајникот), која е предуслов за оплодување. Потоа, ја менуваат вискозноста и густината на слузта што ја лачат жлездите на матката, отежнувајќи го поминувањето на сперматозоидите. Третиот механизам на дејствување се промени што настануваат на самата слузница на матката, кои ја отежнуваат имплантацијата, односно вгнездувањето на евентуално оплодената јајчна клетка.

Но, во многу случаи, кај жени под ваква терапија во јајникот може да се види фоликул кој нормално се развива, односно јајце клетка која нормално созрева, па во многу случаи настапува овулација (излегување на јајце клетката), а понекогаш доаѓа и до зачнување. Но, зачнатото детенце кратко после зачнувањето е исфрлено, а жената дури и не знае дека извршила микроабортус. Поради тоа, за жената што зема хормонски контрацептивни средства во текот на една година може да се рече дека со голема веројатност убила барем едно свое дете. Исто така, хормонската контрацепција е доста штетна не само за жената што ја прима, туку и за нејзините идни деца. При подолготрајна употреба настануваат одредени компликации: тешко оштетување на црниот дроб и тромбоемболија, која завршува со смрт. Кај идните деца, пак, често се среќаваат хромозомски аномалии, а посебно Даунов синдром.

Спиралата како контрацептивно средство може да биде бакарна и мирена. Бакарната дејствува на тој начин што бакарот е токсичен за сперматозоидите и предизвикува промени на слузницата на матката, така што е оневозможена имплантацијата на оплодената јајчна клетка. Мирената, пак, испушта хормони, со што ја зголемува густината на цервикалната слуз и го оневозможува навлегувањето на сперматозоидите, но и вгнездувањето на оплодената јајчна клетка во матката. Значи, со користењето спирала не доаѓа до заштита од зачнување, туку до заштита од бременост. Затоа користењето и на ова средство се зема за грев, бидејќи повторно настанува умртвување на оплодена јајце клетка. Доктор Борис Николајевич Новиков, главен петроградски гинеколог-акушер, сведочи за неверојатен случај на породување за кој бил повикан за консултација. Имено, при породувањето, кај детето било утврдено дека во коските на главата има спирала. Подоцна спиралата била извадена, а детето останало живо, без сериозни последици – доказ дека Божјата волја е живот.

Вазектомијата, пак, е хируршки метод со кој се врши подврзување на јајцеводите кај жената и со тоа се спречува јајчната клетка да дојде до матката, како и подврзување на семеводите кај мажите со што се спречува сперматозоидите да бидат исфрлени со семената течност. Светата Црква, во своето 24 правило на Светите Апостоли, за ова вели: „Кој ќе се скопи самиот себеси, три години да се одлачи од Светите Тајни“. Еве и што уште вели Црквата: „Ако јаде билки или нешто друго и ја труе својата утроба, и затоа не раѓа деца, да ѝ се забрани причестување“. Сите овие правила, иако се однесуваат на жените, важат и за сите мажи кои со знаење допуштиле или молчаливо одобриле какво било грешно дејство од страна на жената.

Всушност, би можеле да ја прекопате сета литература за планирање на семејството, но никаде нема да го најдете зборот воздржување, кое е толку природно не само за христијанинот, туку и за секој човек. Воздржувањето не е само начин за заштита од несакана бременост, туку има сосема друга димензија – тоа е дел од телесниот пост, кој како средство помага за духовно растење на христијанинот. Како што вели и светиот апостол Павле: „Не одделувајте се еден од друг – освен по договор за некое време, за да постите и да Му се молите на Бога; и пак состанете се за да не ве искуша сатаната, поради вашето невоздржување“ (1. Кор. 7, 5).

Од црковен аспект, контрацепцијата и абортусот се смртни гревови, бидејќи бременоста е резултат на Божјата промисла и Неговото создателно дејствување. Кога сопружниците се чуваат од несакана бременост, на некој начин како да се чуваат од Самиот Бог. Му велат: „Господи, ние подобро од Тебе знаеме дали ни се потребни деца или не, засега ќе живееме задоволувајќи се и насладувајќи се со сопружничките сладости. Оди си, Господи! Кога ќе треба, ќе Те повикаме“.

Но, во ваквите моменти благодатта се повлекува, животот станува потежок, покомплициран… А кога ќе посакаме деца, честопати Бог не допушта за наше смирение или, пак, поради тоа што животодавната утроба сме ја претвориле во мртовечка комора (поради контраиндикативните дејства на контрацептивните средства), во која намаченото и страдално дете умира тивко и со нечујни крици (поради непланираната бременост што завршува со абортус).

продолжува

о. Григориј Јакимов
презвитера д-р Александра Јакимова

Извор: списание „Премин“, двоброј 115/116

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz