Конспиративно лудило

Коментар објавен во грчкиот „Екатимерини“ кон крајот на мај годинава. Сметавме дека положенијата се слични и во нашето општество, и затоа решивме да ја пренесеме оваа колумна.

Еден пријател бил до една таверна пред некој ден. Во еден момент, сопственикот на таверната покажал кон авионот што прелетувал над нив, а кој оставал долг бел белег. „Гледате што прават… Сте забележале колку полен има во воздухот последниве години?“

Не е прв пат да слушнам ваков коментар периодов.

Нашето колективно потсвесно е потопено во еден длабоко конспиративен, парадоксален начин на анализирање на нештата. Зачудувачки е колку се распространети теории на заговори кои немаат врска со реалноста. Можете да чуете како луѓе, кои во други прилики се сериозни, кажуваат потполно неразумни работи.

Најголемиот дел од нив своите факти ги засноваат на нешто што прочитале на интернет, или го чуле на некакво си полноќно шоу.

Сепак, погрешно е човек да се надуе и да ги исмева ваквите луѓе, затоа што никогаш нема да излеземе од оваа криза доколку вистински не разбереме како дојдовме дотука. Никогаш нема да одиме напред доколку ние, како народ, не престанеме да прибегнуваме кон теориите на заговор, кога и да треба да ги објасниме сложени факти и идеи.

Дали е тоа можно? Се плашам дека нема лесни одговори. Но, овој проблем не треба да се потценува. Со јавната дебата доминираат теории и аргументи кои во друга држава никој не би се замарал ниту да ги ислуша. Барем не во оној контекст во кој ние ги слушаме. Нема крај на лудостите што излегуваат од устите на политичарите, свештениците, ТВ-водителите – секој од својот подиум.

Ниту владата на Сириза, ниту било која друга влада нема да успее во расчистувањето на нередот дома, ако пред тоа не успее да пронајде начин да го скроти ѕверот на популизмот. Владините службеници наскоро ќе ги обвинат како предавници, или пиуни во некаква глобална сееврејска завера, а истото ќе се случи и со оние што ќе дојдат после нив.

Да бидеме на чисто, голема е вината на оние кои го санкционираат сето она што е бесмислено, но и на нивната напати екстремната реторика – додека се во опозиција. Оти, лесно е да се оди рака под рака со лудилото [додека си во опозиција], но тешко е тоа лудило да се контролира кога си на позиција и одговорен за него.

Алексис Папахелас

уредник на Екатимерини

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz