Византолошки студии: Конкурс

УНИВЕРЗИТЕТОТ „ЕВРО-БАЛКАН“ – Скопје објавува
К О Н К У Р С
ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ НА СТУДИИ ОД ВТОР ЦИКЛУС (ПОСЛЕДИПЛОМСКИ СТУДИИ) ЗА АКАДЕМСКАТА 2012/2013 ГОДИНА

ВИЗАНТОЛОШКИ СТУДИИ

Византолошките студии обезбедуваат широка перспектива и изучување на Византија како милениумски доминантен политички и културен фактор на Балканот и Источниот Медитеран. Комплексот знаења и практики обединет во студиите е фокусиран кон интердисциплинарно истражување на спецификите на византискиот свет, кој како круцијален транзициски линк помеѓу античкиот и модерниот свет, ги детерминирал политичките и културните процеси на Балканот, Европа, како и христијанско-исламскиот ориент. Интердисциплинарниот приод овозможува продлабочено изучување на политичките, историските, културните, философските, социјалните, религиските, музичките и визуелните аспекти на еволуирачкиот византиски свет, кој ги надминал културните, географските и хронолошките граници на сопствената егзистенција. Покрај разбирањето на феноменот на Византија, студeнтите ќе се оспособат за осознавање на современите приоди кон апропријацијата на византиското наследство во европската културна историја и во концептуализацијата на европската цивилизација.

Со завршувањето на последипломските студии, студентите се стекнуваат со научен степен магистер (м-р) по византолошки студии.

Услови за запишување:

Право на запишување на студии од втор циклус имаат кандидати (државјани на РМ и странски државјани) што ги исполнуваат следните услови:

– Да имаат завршено универзитетски студии од прв циклус, во траење од четири години на акредитирани универзитети, односно факултети во РМ или во странство и освоени 240 ЕКТС;
– Да имаат завршено универзитетски студии од прв циклус, во траење од три години на акредитирани универзитети, односно факултети во РМ или во странство иосвоени 180 ЕКТС;
– Одлично да го познаваат англискиот јазик, за што приложуваат соодветна потврда.

Кандидатите се запишуваат како редовни студенти со самофинансирање на студиите.
Трансферот на студенти од други домашни или странски универзитети се врши врз основа на доставено уверение и предметна програма за положените испити.

Потребни документи:

Кандидатите ги поднесуваат следниве документи:

– Пријава (може да ја преземете од www. euba.edu.mk или во просториите на Универзитетот)
– Диплома за завршени студии од прв циклус со стекнати 180 односно 240 ЕКТС;
– Добиени сертификати, дипломи, пофалби и сл.
– Извод од матичната книга на родените (за државјани на РМ)
– Доказ за државјанство на РМ, односно нотарски заверена копија од пасош за странски државјани;
– Потврда за познавање на англиски јазик.
Државјаните на РМ кои студии од прв циклус завршиле во странство, како и странските државјани, треба да извршат нострификација на документите за стекнатото образование во Министерството за образование и наука на РМ или да достават доказ дека поднеле документи за нострификација.
При запишувањето, примените кандидати поднесуваат:
– Две фотографии;
– Доказ за уплатени средства за студирање.

Висина на школарина:

Школарината за последипломските студии изнесува:

Модел 1: 3+2 (последипломските студии траат 2 години, односно 4 семестри) – 2150 Евра во денарска противвредност и со можност за плаќање на рати
Модел 2: 4+1(последипломските студии траат 1 година, односно 2 семестри) – 1350 Евра во денарска противвредност и со можност за плаќање на рати

Сите постдипломци кои ќе се запишат во академската 2012/2013 година дека ќе имаат можност да поминат еден дел од нивните студии во една од земјите на Европската Унија со кои Универзитетот „Евро-Балкан“ има склучено билатерална соработка во рамките на ЕРАЗМУС програмата.

Рокови за пријавување и запишување:
Пријавувањето на кандидатите ќе се врши до 01 Октомври 2012 година.

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz