Кон молитвата да пристапиме со полна надеж

molitva-zena

Кон молитвата, пред икона или не, секогаш треба да се пристапува со полна надеж за добивање на бараното, на пример – избавување од тага, душевна болест или грев, зашто и пред да се помолиме, илјадапати имаме добиено очигледна помош од Господа или од Владичицата наша; крајно безумие и слепост е да не се надеваме дека ќе го добиеме она за што се молиме, или да се сомневаме во исполнувањето на нашата молитва.

Зар попусто секојдневно ги читаме, по неколку пати, Трисветото и Оче наш, и другите молитви – утрени и вечерни? Зарем преку нив не се очистуваме од нашите гревови и нечистоија, зарем не се избавуваме од искушенија, таги и напасти? Зарем попусто се прекрстуваме со раката? О, не! Особено свештеничкиот благослов постојано делува благотворно врз нас и врз оние врз кои со вера се изобразува. И така, непрестајно ќе го славиме милосрдието и славата на нашиот Господ Исус Христос, Кој се грижи за нас и нас недостојните нè спасува во Својата милост, заради името Негово свето.

Св. праведен Јован Кронштатски

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz