Колку помалку тешки гревови имаме, толку подлабока станува исповедта

Исповед

Ако најтешките гревови се исповедани и не се повторуваат, тоа означува еден почеток. Општата тежина на таканаречените мали гревови е многу поголема, отколку на смртните гревови. Полесно е од планина да фрлиш еден голем камен, отколку многу ситни камчиња. Но и „тоа што е тешко може да стане лесно, ако го правиме тоа со силна волја“, вели свети Јован Златоуст.

Царството небесно насила се граба (Матеј 11, 12). И ако не ги гледаме во себе си малкуте забележливи гревови и не се покаеме за нив, тие ќе нè доведат до нови падови.

Тоа што не ги правиме гревовите штo ги прават и другите луѓе, не ја менува суштината – секој ќе одговара за себе си.

На човекот што му е дадено повеќе, од него ќе се тражи и повеќе; оној кој навистина повеќе се труди, тој подобро ќе може да увиди, што направил или што не направил како што треба. „Ниту една добродетел не е поголема од покајанието, зашто делото на покајанието никогаш не може да биде совршено. Покајанието е секогаш важно за сите што сакаат да се спасат – и грешници и праведници. И совршененстовото во покајанието (усовршувањето во покајанието) нема граници, бидејќи совршенството на совршените е несовршено. Затоа покајанието до самата смрт не е ограничено ниту од времето, ниту од делата“, вели свети Ефрем Сирин.

Свештеник Михаил Немнонов

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz