Колку чини едно чудо?

Теси беше едно мало девојче од девет години. Таа живееше во Чикаго заедно со своите родители и со своето помало братче. Еднаш, доцна навечер, ја чу мајка си како плаче, растревожена за малиот син.

Следниот ден, рано изутрина, таа ја седе кaсичката од шкафот, која всушност беше една празна тегла од џем и на подот истури неколку парички. Ги преброи трипати, за да не направи грешка. Имаше еден долар и единаесет центи. Ги стави парите во џебот од јакната и се упати кон локалната аптека.

Кога Теси влегуваше во аптеката, аптекарот зборуваше со еден добро облечен господин и не му обрна внимание на малечкото девојче. Детето удри со нозете на земја, но сепак никој не му обрна внимание. Тогаш, зеде една од монетите и почука со неа на бирото.

– Што сакаш? – праша некако незадоволно аптекарот.
– Сакам да купам едно чудо за моето братче, кое е многу болно.
– Извини малечко, но тука не продаваме чуда.
– Знаете, Андреј има нешто на главата што расте и татко ми кажа дека само чудо може да нè спаси. Така што, кажете ми колку чини едно чудо за да го купам. Имам пари!

Братот на аптекарот, кој заинтересирано го набљудуваше разговорот, го праша девојчето какво чудо му треба на нејзиниот брат.

– Не знам. – одговори Теси со насолзени очи.
– Тоа што знам е дека му треба операција, но татко ми нема пари. Затоа сакам јас да платам со моите пари.

На прашањето на добро-облечениот господин, колку пари има, детето одговори:

– Еден долар и единаесет центи. А ако има потреба, ќе земам уште.
– Каква неверојатност! – се насмевна господинот. Токму тоа е цената за чудото за твојот помал брат: еден долар и единаесет центи.

Ги зеде парите, го фати детето за рака и му рече:

– Ајде, да дојдам кај вас, за да го видам брат ти и семејството и да се обидеме да направиме нешто.

Добро-облечениот господин беше Карлтн Армстронг, познат неврохирург.

Операцијата заврши успешно и малиот брат се врати дома здрав.

– Сето тоа беше едно вистинско чудо. Се чудам, колку ли чини едно чудо? – прошепоти мајката.

Малечкото девојче се насмевна. Ја знаеше и точната цена, но и верата на едно мало дете.

Господ секогаш така ги прави Своите чуда, без да влијае врз слободната волја на човекот. Секој може да го прими чудото, или да го отфрли како чиста случајност.

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz