Кој го мрази својот ближен, во смрт пребива

Крст

Постот, всушност, не е ништо друго, освен крстоносење. Ете, 40 дена треба да го носиме Крстот Господов. Кога постиш, речи си себеси: „Господ на Крстот умре, а мене ми е тешко денес да постам без леб!“ Кога човек ќе тргне во борба против гревот, тогаш гледа дека за време на постот, секој христијанин е крстоносец. Односно, се распнува себеси во светот… и живее во светињата на светлоста Господова. Кога постиш, распни ги сите свои сласти, сите страсти, сите искушенија… распмни го сето тоа што те влече кон темнината, кон пеколот. Затоа во Светото Евангелие се вели: „Кои се Христови, го распнаа телото свое со страстите“ (Гал. 5,24).

Ете, тоа е. Да се убиваат телесните желби во себе, ни здив да не им се даде, туку да се распнат. Штом се појави телесна желба, бори се. Не можеш и да живееш во сластите на овој свет, и да бидеш христијанин. Токму затоа Спасителот рекол: и окото, ако те соблазнува, односно, ако те наведува на грев… Значи, ако некоја страст ти е мила, пази се поради неа целото тело да не ти пропадне. Ако не го направиш тоа, ти отиде душата в пекол. Вистински постиш и кога, искушуван од зависта, ти се бориш со неа… Зашто зависта, особено ако ти стане страст, уништува сѐ што е божествено во тебе. И, што ќе ти остане тогаш? Рушевини… И внимавај: кој го мрази својот ближен, тој во смрт пребива.

Свети Јустин Келијски

извадоци од аудио-беседа изречена на Крстопоклона недела

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz