Кој е всушност Христос?

Неретко следењето на Христовиот живот човекот го сведува само на свои лични ритуали, без разлика дали оди во Црква, или не. „Опседнат“ е со своите лични подвизи, со својот пост, со своите молитви, со своите гревови, заборавајќи дека Христос дојде за сите и дека Христос во наследство не ни остави брошура со правила за живеење на религиозен живот, туку нè повика да учествуваме во Неговото постоење, да соцаруваме, да станеме собогови. За тоа каков пример ни остави Христос и зошто токму на тој начин, ни раскажува Старец Емилијан.

Еве што вели старецот:

„Гревот нè оддалечи од Бога и направи да Го фрлиме во заборав. Бог, гледајќи дека дотогашните негови снисходења не го даваат саканиот исход, прифати да поднесе крајно и најниско смирение – воплотување. Влезе сиот во кал, за да го извади скапоцениот бисер. Самиот личен Син Божји, Кој некогаш го создаде човекот како Бог, сега Тој станува човек. Бог станува човек. Тоа е најсмелото дело Божјо. Дотогаш Бог смирено градел мостови, за човекот да општи со Него. Сега се испразнува, станува роб. Одбива да живее во величенствената слава Своја, а притоа, созданијата Негови да пропаѓаат. Се воплотува, се распнува, стигнува до крајно смирение. Слегува до дното на адот, до најниското место и таму ги шири своите раце за човекот, за сите кои се одрекле од Него, за оние кои обожувале идоли, но и за оние кои Го љубеле.

Од горенаведеното се покажува дека смирување во личноста Христова не е морална категорија, туку својство на ипостаста (на личноста). Зашто и Бог по природа е смирен.“

Слава Му Христе на Твоето смирение!

Старец Емилијан

„Живот во Духот“

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz