Кого убива св. Димитриј на иконата?

На алегориската икона на која е прикажан св. Димитриј, качен на коњ, прикажано е убиството на бугарскиот цар Калојан (чие име значи Добар Јован, а кого пак, гркофоните Ромејци го нарекле „Скилојан“ или „кучето Јован“).

Во 1202 година, царот Калојан во договор со папата ја признал папската власт врз Бугарското Царство, при што за возврат требал да биде крунисан од самиот папа Инокентиј III, и посветен за архиепископ. Подоцна бил изигран од своите латински сојузници, по што влегол во сојуз со Ромеите. Иако им станал сојузник, тие немале доверба во него. Поради ова, тој безмилосно се свртел против нив, со што го добил името „Ромеоубиец“.

Неговите трупи го убиле Бонифатиј Монфератски, латинскиот владетел на Солунското Царство. Сакајќи да ја искористи ситуацијата, Калојан се упатил кон Солун, но бива убиен од својот војсководец Манастрас во октомври 1207 година. Некои оваа случка ја поврзуваат со застапништвото на св. Димитриј Солунски.

Св. великомаченик Димитриј Солунски Мироточив
Св. великомаченик Димитриј Солунски Мироточив

Поради овие причини, во соборната православна свест се јавила потребата да се прикаже победата на православната вистина над секоја земна власт, како и казната која ги стигнува сите неблагоговејни и богоборни владетели.

Иконата за која станува збор, а на која св. Димитриј Мироточив Солунски го убива царот Калојан настанала некаде во 15 век во манастирот Драгалевци во Бугарија. Оваа икона е насликана веднаш до иконата на св. Меркуриј, кој на сличен начин е прикажан како го убива царот Јулијан Отпадникот. И двајцата владетели биле виновни за смртта на многубројно православно ромејско население, а Калојан бил уште и унијат. Подоцна, се појавила една поинаква варијанта на истата икона, на која богопротивниот цар е насликан како црна ламја.

Оставете коментар

2 Comments on "Кого убива св. Димитриј на иконата?"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted

[…] 2. Кого убива св. Димитриј на иконата? (архивски пост) […]

wpDiscuz