Во Сирија киднапирани двајца епископи

Митрополитот Павле Јазики од Грчката Православна Архиепископија во Алепо (брат на Неговото Блаженство, Патријархот Антиохиски Јован X) и митрополитот Григориј Јохана Ибраим од Сириската Православна Архиепископија во Алепо се киднапирани утрово, 22 април 2013 година, додека заедно патувале од Антиохија (денешна Антакија, Турција) кон сирискиот град Алепо. Вооружена група го пресретната возилото во кое биле двајцата митрополити во близина на селото Кфар Даел, и го убила возачот.

Во очекување на подетални и официјални вести, да се помолиме Господ Бог да ги помилува двајцата ерарси на Црквата Христова.

Оставете коментар

1 Comment on "Во Сирија киднапирани двајца епископи"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted

Возачот бил ѓаконот на архиепископот. Вечнаја памјат+

wpDiscuz