Крф – островот на свети Спиридон Чудотворец

трет напис од серијата посветена на светиите од грчките острови Крф е најсеверниот остров во Јонскиот Архипелаг, втор по големина, а во православниот свет е познат како островот каде што почиваат нетлените мошти на св. Спиридон Чудотворец и св. царица Теодора, поради што голем број на верници го сметаат овој остров за неизбежна дестинација. Не […]

Свети Јован Шавтели, епископ Генатски

Еден од помалку познатите светители кои ги празнуваме денес е светиот Јован Шавтели, епископот Генатски. Тој е еден од најзначајните грузиски светители – химнограф, философ, беседник, поет и духовник. Се подвизувал помеѓу од втората половина на 12-от и раниот 13-ти век, за време на владеењето на благоговејната царица Тамара. Од неговиот живот се зачувани многу […]

Свети Дионисиј од Закинтос

Во пресрет на летните одмори, кога голем број наши читатели ќе се одлучат да летуваат на грчките острови, објавуваме серија написи поврзани со светињите чии животи се поврзани со овие острови, но и чии чесни мошти се наоѓаат на некои од летните дестинации. Се надеваме дека на овој начин ќе помогнеме можноста за одмор да […]

Икона на надежта

Гледајќи ја иконата на св. Марија Египетска, можеме да забележиме траги од нејзината поранешна убавина. Бидејќи не сум ниту зограф, ниту пак ученик по иконопис, не сум сигурен колку е ова точно и, претпоставувајќи дека сум во право, не знам колку често може да се сретнат одблесоци од поранешните животи на светите во нивните икони. […]

Житие во слики: Свети Николај Јапонски

Иван Касаткин се родил во 1836 година, како син на еден селски ѓакон од Смоленската провинција. За да дојде до Смоленската богословија, малиот Иван требал да пеш да изоди повеќе од 150 врсти (160 километри). Но сепак, тој се здобил со богословско образование во богословијата. И не само таму, ами тој пошол и во Петербуршката […]

Свети Кипријан и Света Јустина

На 15 октомври (2 октомври ст.ст.) Црквата го празнува споменот на свештеномаченикот Кипријан и светата маченичка Јустина. Кипријан бил маѓепсник, гонител на христијаните и слуга на демоните. „Исцелител со помош на демоните и најгорчлив прогонувач Христов“ (св. Григориј Богослов). Но, тој не го правел ова свесно, туку од незнаење, затоа што мислел дека не постои […]

Отец Георгиј Калчу: Првовековен христијанин во дваесеттиот век

Блажени се гонетите заради правда, зашто е нивно царството небесно! Не бев свесен. Или, да бидам појасен, пред да станам православен христијанин, знаев само дека Православната Црква била силно гонета од страна на комунистите, но не бев свесен дека тоа гонење многу често било еднакво на гонењата на раната Црква. Отец Георгиј Калчу (1925-2006) бил […]

Св. Лука Воено-Јасенецки: Светител на XX-иот век

Свети Лука Воено-Јасенецки (27 април 1877–11 јуни 1961), во светот Валентин Феликсович, се родил во гр. Керчи во семејството на Феликс Станиславович. Во семејството имало уште два сина и две ќерки. Таткото му бил католик, а неговата сопруга Марија Дмитриевна ја исповедала православната вера. Како што си споменувал во своите мемоари свети Лука немал никакво […]

Житие на Битолските преподобномаченици

Во времето кога Османлиите тргнале да го завладеат Балканскиот Полуостров, градот Битола (нарекуван уште и Манастир поради бројноста на црквите, манастирите и скитовите) бил голем и добро утврден град. Животот во него прилегал на Црква Божја, а најголема скапоценост, пак, било бројното монаштво, сместено низ многуте манастири и скитови, внатре и надвор во неговата околина. […]

Житие на Пречистанските преподобномаченици

Среде природните убавини во подножјето на планината Цоцан, на местото наречено Врвој, Пресветата Владичица наша Богородица благоволила да си издигне прекрасен дом – манастирот „Пречиста ‒ Кичевска“, посветен на светото Благовештение. Оваа света обител, со братство од 15 црнорисци, кон средината на XVI век била извор на жива вода што го напојувалa верниот православен народ […]

Света Ксенија Петроградска

Света Ксенија Петроградска (Петербуршка) е една од најпочитуваните руски Светителки, чиј спомен сé повеќе се слави во сите православни земји. Иако Црквата во Русија ја канонизирала во последните децении на дваесетиот век, света Ксенија била сметана за светителка неполни два века од страна на рускиот народ, кој секојдневно се обраќал кон неа, просејќи го нејзиното […]