Појдете по Мене, и Јас ќе ве направам ловци на луѓе

И одејќи покрај Галилејското море, ги виде двајцата браќа, Симона, наречен Петар, и брата му Андреја, како фрлаат мрежа во морето, бидејќи беа рибари, и им рече: „Појдете по Мене, и Јас ќе ве направам ловци на луѓе.” И ете, тие веднаш ги оставија мрежите и тргнаа по Него. Потоа, одејќи, понатаму виде други двајца […]

Паримии на Педесетницата

И му рече Господ на Мојсеја: „Собери ми седумдесет мажи од старците меѓу старешините Израилеви, за кои знаеш дека се негови старешини и надзиратели, па доведи ги кај скинијата на сведоштовото, за да застанат таму заедно со тебе. Јас ќе слезам и ќе зборувам таму со тебе, ќе земам од Духот, Кој е во тебе, […]

Кој се богати со знаење на словото Божјо

На оној којшто Го прашал како да се спаси, Господ му одговорил со прашање: „Што е напишано во Законот? Како читаш?“ (Лк. 10,26). Со тоа покажал дека за решавање на сите недоумници треба да се вртиме кон словото Божјо. За да нема недоумици, најдобро е да се чита Светото Писмо. Читај со внимание, расудување, сочувствување, […]

И настана голема тишина…

Во време кога се заканува земјотрес, во молитвеното правило може да ги додадеме зачалата (одломците) од Евангелието и Апостолот предвидени за вакви околности. Евангелие по Матеј, зачало 27 И кога влезе во коработ, по Него влегоа и учениците Негови. И ете, настана голема бура во морето, така што брановите го покриваа коработ, а Он спиеше. […]

Биди храбар во Господа

И веднаш ги покани Исус учениците Свои да влезат во кораб и да минат на другата страна пред Него, дури да го распушти народот. Па штом го распушти народот, Он се искачи на планината, за да се помоли насамо. И таа вечер остана таму Сам. А коработ беше веќе на сред море и брановите го […]

Како може човек да се спаси?

Затоа царството небесно прилега на цар, кој побарал да ја расчисти сметката со своите слуги. Кога почна да ја расчистува сметката, доведоа при него еден што му должеше десет илјади таланти; па, бидејќи немаше со што да плати, господарот негов нареди да го продадат него, и жена му, и децата негови, и сè што имаше, […]

Паримии на славата на Воздвижението на Чесниот и Живототворен Крст

2Мојс. 22-27; 16,1 Потоа ги изведе Мојсеј синовите Израилеви од Црвеното Море, и тие се упатија во пустињата Сур; и одејќи низ пустињата три дена не најдоа вода за пиење. Дојдоа во Мера, но не можеа да пијат вода во Мера, зашто беше горчлива; затоа и го нaрекоа тоа место Мера. Тогаш народот почна да […]

Паримии на славата на Успението Богородично

1Мојс. 28, 10-17 Јаков, пак, ја напушти Вирсавија и отиде во Харан, па најде едно место, и таму преноќева, бидејќи сонцето беше зашло. И зеде еден камен од тоа место, и си го кладе под главата, па заспа на тоа место. И виде сон: ете, скала стои на земјата, а со врвот допира до небото, […]

Паримии на славата на Преображението Господово

Исх. 24, 12-18 И му рече Господ на Мојсеја: „Качи се при Мене на гората и остани тука; ќе ти дадам камени плочи со закон и заповеди, што ги напишав за да им бидат закон.” Тогаш стана Мојсеј со Исуса, неговиот помошник, и се искачија на гората Божја, а на старешините им рекоа: „Почекајте тука […]

Во водата на Силоам

Од аголниот камен на чудата Христови секогаш се прекршувала човечката вера и човечкото неверие. Уште од чудото на Неговото зачнување, па сé до чудото на Неговото вознесение. Отсекогаш, па и денес. Спасителот, во своето бескрајно смирение, се утешуваше: “Те прославувам, Оче, Господи на небото и на земјата, оти си го сокрил ова од мудрите и […]

Над оние што се погордуваат, Господ се потсмева

Господ со премудроста ја основа земјата, со разум ги утврди небесата; преку Неговата премудрост се отворија бездните, и облаците оросија со роса. Синко, не ги испуштај од предвид овие, работи; запази ја мудроста и разумот; тие ќе бидат живот за душата твоја и украс на вратот твој; ќе бидат изцеление за твоето тело и лек […]

Да се љуби секој човек, значи да се љуби Христос

А кога ќе дојде Синот Човечки во Својата слава и сите свети ангели со Него, тогаш ќе седне на престолот на славата Своја, и ќе се доберат пре Него сите народи; па ќе ги оддели едни од други, како што овчарот ги одделува овците од козите; и ќе ги стави овците од Својата десна страна, […]

Пророштвото за Божик (3)

продолжува од првиот и вториот дел Пророците ги гледале идните настани, кои тие ги предвестувале, како да се извршувале пред нив или дури како тие да се веќе поминати. Исаија нé зачудува со своите опишувања за страдањата на Месијата, како самиот тој да бил сведок на Голготската драма. Тој пишува: Он беше изнаранет за нашите […]

Пророштвото за Божик (2)

продолжува од првиот дел Возвишениот збор на пророкот, ненадминат во светската литература по своето вдахновение, јасно ги опишува величието и славата на царството на Месијата, Кој доаѓа. Месијата тој го претставува како фиданка од Јесеевата пењушка (Ис. 11,1), т.е. возвестува дека Он ќе потекнува од царот Давид. Во Стариот завет е навестено и точното место […]

Пророштвото за Божик (1)

Суета над суетите, вели проповедникот, суета над суетите – сé е суета!.. Род еден си заминува, и род друг доаѓа, а земјата си постои секогаш. Сонцето изгрева и заоѓа, и пак брза кон местото свое, од каде што изгрева… Она што било, пак ќе биде, и она што се правело, пак ќе се прави – […]