За допирот Божји

Еднаш еден старец нè поучи вака: „Многу луѓе мислат дека не треба да се оди во црква за да се сретнат со Бога. Но, Бог единствено можеме да го допреме во Неговата Црква. Бог можел од Небесата да повика и да ни ги прости сите наши гревови и човештвото да го смести во Рајот, но […]

Семејство, воспитување деца, работа, образование

1. Ако во вашите чувства го имате апостолското сфаќање на љубовта (1 Кор. 13), тогаш не сте далеку од среќата. 2. Според зборовите Божји, првиот и најважниот благослов за создавање на семејство треба да се земе од родителите. На родителите им се дава свештено познание за децата, кое се граничи со видение. 3. Ако во […]

Старец Порфириј: Лекот за ракот е многу едноставен

По разговорот со своите духовни чеда, старецот рече: Лекот против ракот е многу едноставен. Лекарите го користат секојдневно, и постојано им поминува низ рaка, благодарение на Божјата благодат. Но, Бог не дозволува лекарите да го препознаат тој лек, бидејќи во последно време, благодарение на оваа болест се наполни рајот! + + + Еден човек го […]

Старец Порфириј, Бог и ракот

Кога старецот, по закрепнувањето од болеста, ги обнови своите сили и почна да прима посетители, јас отидов кај него. Зборовите кажани од отец Порфириј со тивок и слаб глас, ме восхитија: ‘Кога бев млад, се молев на Бога, ако допушти да се разболам, тогаш болеста да биде рак. Знаеш, ракот е најубава од сите болести. […]

Старец Паисиј и монахот што се молел за Сталин

Еден монах, кој се подвизувал во Капсала (на Света Гора), размислувал кој од упокоените луѓе од светската историја е најлош и во моментов, во другиот живот, е во најнеповолна состојба. Сето ова го мислел за да се зафати со бројаницата за неговата душа, и да се моли Бог да се смилува на него. После некое […]

Тајната е несебично да се гради заедница со Христа, без да се вели: „Дај ми го ова, или она“. Доволно е да речеме: „Господи Исусе Христе, помилуј ме“. Не е потребно на Бога да Му кажуваме што ни треба.

Св. старец Порфириј Кавсокаливиски

За „некомпатибилните“ сопружници

Еден маж дојде дојде до мојата келија, кажувајќи ми дека поради расправите со неговата жена станал многу депримиран. Но, за мене тоа не беше голем проблем. Тој се мрштел заради едно, жена му заради друго, па не можеле да бидат заедно. Во овој случај беше потребно мало „полирање“. На пример, видете ги необработените даски: една […]

Духовен живот – совети од старец Јован Крестјанкин

1. Во духовниот живот главна е верата во Промислата Божја и расудувањето со совест. 2. Бог делува во времето врз оние луѓе што умеат да чекаат. 3. Нашите крилја понекогаш откажуваат и немаме сила да се вивнеме кон небото. Но, тоа не е страшно, тоа е опит низ кој поминуваме само ако остане желбaта да […]

Кој сака да Ме следи, нека Ме следи

Модерниот човек живее во комфор. Удобноста е предмет на неговите желби. Целта во животот на современиот човек е да добие колку може повеќе материјални богатсва и да се наслади со нив, а сепак да го добие тоа со малку труд и борба. Трудољубието, како средство за добивање на духовни и материјални блага е ретка добродетел […]

Антихрист, последни времиња, теории на заговор

Во нашите тешки и мачни времиња постои мала група на луѓе со метафизички барања. Некои го наоѓаат Бога од мака. Обично човек го наоѓа она што го бара и што му е угодно. Тој не сака многу-многу да се труди и да се заморува. Тој се задоволува со брзи и лесни решенија. Затоа, често пати […]

Дали е христијански да се протестира?

Оче, дали имаат некаков резултат протестите и различните иницијативи што ги прават христијаните? Самата појава на христијаните е исповедање на верата. Некој може повеќе да помогне со молитва, но останатите, заради неговото молчење, може да кажат: „Тие и тие не протестираа, значи не се против нас, на наша страна се“. Ако, пак, некои не започнат […]

Луѓето ги затвориле прозорците кон рајот

Секој човек се искушува, се навлекува и подлегнува на [од страна на] својата сопствена похота. Потоа, похотата, откако ќе се зачне, раѓа грев, а извршениот грев раѓа смрт – вели св. ап. Јаков. Човекот пред сè се измачува од гордоста и егоизмот. Тие ги нарушуваат неговите односи со најблиските. Затоа живееме во епоха на психолози […]

Потребата од исповед

Оче, преподобен Марко Подвижник вели: „оној што ги знае работите се исповеда пред Бога не со набројување на согрешенијата, туку со трпение за маките што ќе му се случат“. Што сака да каже? Верникот треба да се исповеда и пред духовникот, а исто така, за време на молитвата да се исповеда смирено пред Бога, разголувајќи […]

Болки и лекови

Оче, јас често примам лекови, а вие, колку што ми е познато не пиете дури ниту кафе. Јас веќе сум ти зборувал за ова. Кога христијанинот со полна доверба се предава на Господа, тогаш Тој испраќа мир и спокој, и во телото на човекот, и во неговата внатрешност. Како резултат на тоа, внатрешните органи и […]

Што се доброто и злото, и кога тие дејствуваат?

Доброто е Самиот Господ, сè што доаѓа од Него, и сè што Го окружува. Доброто исто така можело да се најде во човечката природа пред падот, и потоа, преку промената [на природата човечка], преку обожението. Доброто е исто така суштина на она што е правилно и разумно, и се наоѓа во односот меѓу нив. Тоа […]