Десет кратки поуки за родителите

1. Богато опсипувајте ги децата со љубов. Вашата љубов прави децата да се чувствуваат сигурно и им ги олеснува проблемите. 2. Воспоставете дисциплина. Кога се применува со определена мерка, доследно и благоразумно, дисциплината ги подобрува способностите на децата и ја зацврстува нивната самодоверба. 3. Постојано наоѓајте прилика за разговор, игра, учење со децата. Воспоставете вистинска […]

Живототворение, втор дел

(претходно: прв дел) Гледишта, ставови, случаи Според Американското здружение за плодност (AFS), во основа постојат три гледишта на етичкиот статус на ембрионот. Според првото, ембрионот што настанува веднаш после оплодувањето е, всушност, човек, што пак, повлекува и давање третман и права како на личност. Второто гледиште гледа на ембрионот како на ткиво, од кое произлегува […]

Противотров за секојдневниот притисок

Современиот образовен систем нееднакво ги вреднува стекнатите вештини и постигнатите успеси во различни области. На пример, достигнувањата во областа на уметноста, музиката и книжевноста се сметаат за инфериорни пред успехот во логичко-аналитичките вештини како математиката, природните науки и памтењето податоци. Од друга страна, не е секој човек надарен на сѐ. Секако, секој од нас би […]

Последици од абортусот

претходно: прв дел | втор дел | трет дел Абортусот или прекинувањето на бременоста е кратка интервенција која кај жените остава трајни последици. Компликациите зависат од многу фактори, како што се: здравствената состојба и староста на жената, дали е прва бременост, времетраењето на бременоста, техниката на изведувањето, анестезијата, дополнителни операции, стручноста на гинекологот, хигиенските услови. […]

Абортусот не е контрацепција

Трет дел од „Планирање семејство или избирање живот“ Претходно: прв дел | втор дел Абортусот (пометнување) е намерно или спонтано прекинување на бременоста со отстранување или исфрлање на ембрионот или фетусот од матката. Абортусот може да настане спонтано или да биде предизвикан. Спонтан абортус претставува губење на ембрионот или фетусот поради случајна траума или природни […]

Контрацептивни средства

Втор дел од „Планирање семејство или избирање живот“ Од медицински аспект, контрацепцијата претставува преземање постапки и мерки за заштита од несакана бременост. Таа може да биде механичка, хемиска, природна, хормонска и хируршка контрацепција. Овде би се задржале само на некои видови од нив. Хормонската контрацепција ги опфаќа контрацептивните таблети што содржат ниски дози на хормони […]

Планирање семејство или избирање живот (1)

Знаеш ли, дете мое, зошто нивите донесуваат тежок плод напролет, а во лето даваат јалова жетва? Затоа што и ќерките човечки го замразија плодот во утробата своја и го убиваат во цутот. Не плачи, дете мое, наскоро Господ ќе дојде и сѐ ќе уреди. – Владика Николај (Жички) Во последно време често размислувам за нас, […]

Мајките и воспитувањето на децата – втор дел

Свети Нектариј Егински Поради големото влијание што го имаат врз нивните деца, мајките можат да ги образуваат според својот личен карактер, исто како што грнчарот ја работи глината според својата лична претстава. Што се однесува до лесната за обработка возраст на детството, Диоген1 го има кажано следново: „Воспитувањето на децата е слично на обработката на […]

Мајките и воспитувањето на децата – прв дел

Свети Нектариј Егински врска до вториот дел Воспитувањето на децата треба да започне уште од раното детство, со цел умствените способности на детето од првата нивна појава, уште од почетокот, да бидат насочени кон убавото, доброто, вистинитото и да се оддалечат од лошото, недоличното и лажното. Оваа возраст може да се смета за најцврстата основа […]

Развод според Евангелието

Еден млад брачен пар дошол кај остарен духовник со молба за да ги разведе. Несогласувањето на карактерите го навеле како главна причина за развод. Духовникот разумно ја сослушал нивната молба па рекол: – Проблемот е тежок и мораме да го решиме. Одиме! Јас ќе ве развенчам. Мажот и жената радосно со отецот отишле во храмот, […]

Неуспехот како успех

Гледам некои млади мајки по пат, кои возат, со детето зад нив, трчаат да го префрлат од еден курс на друг. И гледаш, на лицето имаат страв – а децата, уште поисплашени. Мајката со нетрпение го чека да излезе, и штом заврши едниот курс, го зема, го става во автомобил, па го носи на пливање, […]

Мачеништвото во бракот

Свети маченици, вие кои добро се подвизувавте и се овенчавте, молете Го Господа да ги помилува нашите души. Свјати Мученици, иже добрје страдалчествоваше и вјенчавшесја, молитесја ко Господу, помиловатисја душам нашим. Овој тропар се пее за време на тројниот кружен вход околу аналојот поставен среде црква, за време на чинот на овенчување (стапување во брак). […]

Како старец Јосиф Ватопедски спасил еден брак од распаѓање

Следниов настан се однесува на една случка поврзана со мои блиски пријатели, и се случи на 2 јули 2009 година, ден после блаженото упокојување на старец Јосиф Ватопедски. А. и нејзиниот сопруг во последните неколку години минуваа низ многу тежок период. Нивните проблеми потекнуваа од свекорот и свекрвата на А., од нивниот однос кон неа […]

Кратка поука на св. Козма Етолски

„А ти, човеку, не злоупотребувај ја својата жена како да ти е робинка, зашто и таа, како и тебе, е создание Божјо. Бог исто толку се распнал заради неа, колку што се распнал и заради тебе.“ – Свети Козма Етолски Чудно е како еден монах, роден пред три века, за тоа како треба сопругот да […]

Коптска венчавка

Коптите се христијански народ населен долж реката Нил. Не примиле ислам во времето на арапските, ниту во времето на турските освојувања, туку останале христијани. Да се биде Копт е истовремено се исповеда и етничка и верска припадност. Верски, тие се православни дохалкидонци (односно, ги прифаќаат исповедањата само на првите три Вселенски собори), а за свој […]