И годинава се случи чудото со змиите во Кефалонија

Една несекојдневна традиција речиси секоја година се случува на островот Кефалонија, во близина на селото Маркопуло. Имено, секоја година во август меѓу празниците Преображение и Успение (6 и 15 август според календарот на Грчката Црква), се појавуваат змии внатре и надвор од црквата на Успението на Пресвета Богородица, чијшто број секојдневно се зголемува, а кои […]

Разбојникот кој секој ден ѝ се молел на Богородица

Еден човек по име Јован бил поразен од гревот и станал крадец. Уште повеќе, тој станал и предводник на една разбојничка дружина од сто крадци, но сепак длабокот ја почитувал Богородица. Секое утро и вечер го читал Канонот кон Пресвета Богородица. Сакајќи да го спаси поради неговата голема почит кон Богородица, милостивиот Бог испратил еден […]

Спасителен екуменизам

Еднаш, авва Макариј пошол на Нитриската Гора со ученикот, кому му рекол да оди пред него. Ученикот, откако се нашол на некакво растојание од аввата, се сретнал со еден идолопоклонички жрец кој, носејќи дрва за потпалување, итал некаде. Ученикот му се обратил на жрецот: „Каде трчаш, слуго сатанин?“ Жрецот се налутил, го претепал и го […]

Црквата на св. Никола во Анталија

Црквата на св. Никола во древната Мира (денешно Кале или Демре) е лоцирана близу денешната туристичка дестинација Анталија во Турција, каде голем број македонски граѓани решаваат да го поминат летниот одмор. Сепак, за многумина ова е непозната информација, па решивме да пишеме неколку збора како дел од серијата посветена на поклоничките патувања, за да ги […]

Писмо од Мухамед до христијанските монаси

Според преданието на христијанските монаси од манастирот „Света Екатерина“ на Синај, пророкот Мухамед често го посетувал нивниот манастир и водел разговор со христијанските свештеници. Овој документ е напишан 626 година, а се состои од неколку одредби на теми кои се поврзани со живтот на христијаните под исламско управување и го носи препознатливиот печат на пророкот. […]

Безумниот владика

Еднаш, во старите времиња, кога владиците ја извршувале и службата на судии, кај еден свет владика на суд донеле жена која била обвинета дека извршила прељуба. Погледнувајќи на неа, светиот владика рекол: „Бремена си, и твоето пораѓање ќе биде тешко“. Потем се завртел кон неговите служители и им повелал: „Дајте ѝ десет аршини платно. Ако […]

Атеистот и старицата

Ноќта, во 12 часот некој чукна на вратата од куќата на еден свештеник. Тоа беше една старица, која го бараше свештеникот за да причести еден смртно болен човек. Свештеникот се подготви и брзо излезе со неа. Двајцата стигнаa пред една бедна куќа. Старицата ја отвори вратата и го испрати свештеникот во една собичка. Ги остави […]

И создаде Бог камен кој не може да го крене, по Својот лик го создаде

Пред некој ден, еден човек ме праша пред едни луѓе: „Ваша Светост, дали Вашиот Бог е семоќен?“ Јас го погледнав, и му реков: „Да.“ Тој продолжи: „А, кога Тој е семоќен, дали може да создаде камен кој не може да го крене?“ Повторно го погледнав, и го прашав: „Пријателе, дали ќе се налутиш ако јас […]

Акатистот низ фрески: трет дел

претходно: прв дел, втор дел ИКОС 7 Нова твар ни покажа кога ни се јави Создателот нам, на од Него створените. Од бессемена утроба излезе и Неа нетлена каква што беше Ја зачува, та чудо гледајќи, да ѝ воспееме повикувајќи: Радувај се, цвету на нетлението. Радувај се, венецу на воздржанието. Радувај се, образот на воскресението […]

Акатистот низ фрески: втор дел

продолжение од првиот дел ИКОС 4 Ја слушнаа пастирите ангелската песна што го воспеваше плотското пришествие Христово, та поитаа како при Пастир, да Го видат кај лежи како Агнец непорочен, одгледан во утробата на Марија, запеаја и вака ѝ прословија: Радувај се, Мајко на Агнецот и Пастирот. Радувај се, Трло на овците словесни. Радувај се, […]

Акатистот низ фрески: прв дел

Акатистот кон Пресвета Богородица е една длабока и молитвена творба во која се славослови Пресветата Владичица наша Богородица и Секогашдева Марија. Тој е една од највозљубените служби во Православната Црква. Напишан е во царскиот град, „градот на Пресветата“. Самиот збор „акатист“ значи неседален, односно – додека се стихослови, од верните се очекува да стојат простум […]

Деца на шизмата

Полчасовна приказна за животот на една фамилија старообредци (староверци, безпоповци) кои во 40-тите години од минатиот век пребегнале во Латинска Америка за повторно да се вратат во Русија после седумдесет години. Документарниот филм е поделен на четири поглавја, во кои се разгледуваат судбините на Улијан и Терентиј, двајца браќа чии патишта се разделуваат поради тоа […]

Свети Нектариј Егински и 15 јануари

Свети Нектариј Егински е чудотворец чие житие на чуден начин е поврзано со денешниот ден, 15-ти јануари. Како што ќе видиме, неговиот овоземен живот во голема мера се менувал токму на овој ден. Како прво, на 15 јануари 1847 година, само три и пол месеци по неговото раѓање во Силиврија, Источна Тракија, св. Нектариј бил […]

Блудниот монах

Едно од најубавите сведоштва од Лавсаикот го опишува животот на еден монах кој, откако го напуштил манастирот во кој се подвизувал, работел како аргат на александриското пристаниште. Како и на секое пристаниште, така и на ова не недостигале жени кои им ги нуделе своите сексуални услуги на патниците кои доаѓале на пристаништето. Како што сведочат […]

Болничката соба во која св. Нектариј Егински се упокоил

На натписот стои запишано: „Во оваа соба блажено се упокои свети Нектариј Егински, митрополитот Пентаполски и чудотворец, вечерта во недела, 8 ноември 1920. Тука го направи и првото чудо по неговото упокојување врз еден болнички пациент.“ Свети Нектариј се упокоил во Атина, вечерта на 8/21 ноември 1920 година, на 74-годишна возраст, откако бил хоспитализиран поради […]