Не е постот доволен за да се приближиме до Бога

Викај со сиот глас, вели Господ преку светиот пророк Илија, не се воздржувај; укажи му на народот Мој на беззаконието негово. А што направил народот? Ме бараат и сакаат да ги знаат Моите патишта. Зарем не е тоа нивна обврска? Да, должни се да го прават тоа. Меѓутоа, не го прават тоа како што треба. […]

Во исчекување на Велигден

И му рече Господ на Аврама: „Излези од земјата своја, и од родот свој, и од домот на татка си, па појди во земјата, што ќе ти ја покажам Јас! (1Mojс. 12,1). Ова е очигледен праобраз на промената што се случува во срцето на оние што веруваат во вистината – кога искрено врз себе го […]

Кој го мрази својот ближен, во смрт пребива

Постот, всушност, не е ништо друго, освен крстоносење. Ете, 40 дена треба да го носиме Крстот Господов. Кога постиш, речи си себеси: „Господ на Крстот умре, а мене ми е тешко денес да постам без леб!“ Кога човек ќе тргне во борба против гревот, тогаш гледа дека за време на постот, секој христијанин е крстоносец. […]

Од сè, што е за пазење, најмногу чувај го срцето свое

Од сè, што е за пазење, најмногу чувај го срцето свое, зашто од него се изворите на животот. Изрек. 4,23 Стекнувајќи го стравот Божји, исповедајќи се и причестувајќи се со Светите Тајни, христијанинот во себе ги обновува благоданите извори што започнале да течат во нас со светото Крштение, а кои потоа многупати биле затрупувани од […]

Смирение и внатрешна радост

Изминаа три седмици од Божикниот пост, тече четвртата, мои драги пријатели. Овој пост, почнувајќи од 28 ноември, трае шест седмици – речиси колку Великиот пост. Сепак, Божикниот пост има сосем поинаков и потполно уникатен карактер. Обично, за нас постот е нешто поврзано со покајание, тага, оплакување на гревови, очистување на душата во очи на некој […]

Архива: Богородичен пост

Пост Чуму ни е постот пред Успение? Зошто е потребен постот? Од каде доаѓа зборот пост? Преображение Господово Паримии на славата на Преображението Господово Преображение Христово За Тајната на Преображението Господи, добро ни е да бидеме овде За враќањето во светот по литургија Успение на Пресвета Богородица Паримии на Успение на Пресвета Богородица Успение: Празнување […]

Недела на св. Јован Синаит, наречен Лествичник

Синаксар Свети Јован го умртвуваше телото додека беше жив, Затоа сега живее вечно, иако е мртов по тело. Во списот Рајска скала (Лествица), што ни го остави, Ни го опишува својот пат на искачување (кон небото) Јован умре во триесеттиот ден. Кога тој имаше 16 години, бидејќи беше остроумен, се принесе себе си како света […]

Акатистот низ фрески: четврти дел

претходно: прв дел | втор дел | трет дел ИКОС 10 Крепост Си на девствените, Дево Богородице, и на сите што кон Тебе прибегнуваат, зашто Творецот на небото и на земјата Те устрои, Пречиста, вселувајќи се во утробата Твоја, и сите ги научи да Ти повикуваат: Радувај се, столбу на девственоста. Радувај се, врато кон […]

Вие, кои сте за Просветување, пристапете…

Од средата на Крстопоклоната седмица, до Претходноосветената литургија на Велика Среда, по ектенијата за огласените се кажува ектенија и молитва за оние кои се подготвуваат да се просветат, односно да се покрстат. Во ектенијата за просветените, во која првата прозба гласи „Вие, кои сте за Просветување, пристапете; помолете се вие кои сте за Просветување…“, ѓаконот […]

Акатистот низ фрески: трет дел

претходно: прв дел, втор дел ИКОС 7 Нова твар ни покажа кога ни се јави Создателот нам, на од Него створените. Од бессемена утроба излезе и Неа нетлена каква што беше Ја зачува, та чудо гледајќи, да ѝ воспееме повикувајќи: Радувај се, цвету на нетлението. Радувај се, венецу на воздржанието. Радувај се, образот на воскресението […]

Поука во среда од третата седмица на Великиот пост

Браќа и отци! Како што гледате, нашето постоење е минливо, ден по ден минува и се приближува крајот на нашиот живот, и за секој неминовно ќе чукне часот да си замине од овој свет и да се упати онаму каде што се и отците наши. Поради тоа, неопходно е во нас да има голема грижа […]

Синаксар во Неделата на св. Григориј Палама

Големиот и светол проповедник на Светлината, Изворот на светлината сега навистина го води кон незаодната Светлина. Овој син на божествената и незаодна светлина, навистина вистински Божји човек и чудесен слуга и служител на божествените (тајни), потекнуваше од Азија, од пресветли и славни родители кои се трудеа да го украсат своето дете со наука и добродетели, […]

Акатистот низ фрески: втор дел

продолжение од првиот дел ИКОС 4 Ја слушнаа пастирите ангелската песна што го воспеваше плотското пришествие Христово, та поитаа како при Пастир, да Го видат кај лежи како Агнец непорочен, одгледан во утробата на Марија, запеаја и вака ѝ прословија: Радувај се, Мајко на Агнецот и Пастирот. Радувај се, Трло на овците словесни. Радувај се, […]

Акатистот низ фрески: прв дел

Акатистот кон Пресвета Богородица е една длабока и молитвена творба во која се славослови Пресветата Владичица наша Богородица и Секогашдева Марија. Тој е една од највозљубените служби во Православната Црква. Напишан е во царскиот град, „градот на Пресветата“. Самиот збор „акатист“ значи неседален, односно – додека се стихослови, од верните се очекува да стојат простум […]

Некои од замките на Постот

Една од заблудите на луѓето за Великиот пост е што тие му приоѓаат од материјален, а не од духовен аспект. Сите нагласуваат што треба, а што не треба да се јаде, колку и какви метании треба да се прават и сл., додека ретко кој обрнува внимание на она што треба постот да значи, а е […]