Чуден Вселенски собор

Одржувањето на Сеправославниот собор, кој се очекува да се одржи во мај 2016 г., и на него да присуствуваат одреден број епископи од секоја од четиринаесетте Помесни Цркви за да разгледаат некои административни прашања, изгледа сѐ понеизвесно. Најпрво, постои прекинот на заедничарење меѓу Ерусалимската и Антиохиската Патријаршија. Потоа, по контактите со луѓе од врвот на […]

Отец Серафим Роуз за екуменизмот

Ставовите на преподобниот отец наш Серафим Платински во врска со екуменизмот, помалку или повеќе, ни се познати. Неговиот однос кон екуменизмот и новотарењето во Црквата често се покажуваат како вистински патоказ во денешното време во кое соблазната на релативизмот не недостасува. Сепак, во подоцнежните години од неговиот живот, гледајќи како луѓето ги нарекуваат припадниците од […]

Покана од Папата за старците Паисиј и Порфириј

Една професорка од Америка на еден православен свештеник му ја пренела желбата на Папата Јован Павле Втори да ги прими старците Паисиј и Порфириј во Ватикан. Свештеникот им ја пренел поканата на старците, и тие двајца одговориле речиси идентично: Не, не би можеле да идеме. Зашто, римо-католиците и Папата не се подготвени… Тие имаат премногу […]

Догма за непорочното зачнување

„Царствената, во вистинска слава и достоинство облечена Дева, нема потреба од никаква лажна слава“ Ad canonicos Lugdunenses, de conceptione s. Mariae. Бернард од Клерво Некои, залажувајќи се од сличноста на зборовните изрази или од лажна асоцијација на идеите, го помешуваат учењето на Римската Црква за непорочното зачнување на Марија со догмата за девственото зачнување на […]

Вселенскиот патријарх ќе присуствува на папската интронизациона миса

Неговата сесветост, Вселенскиот патријарх г.г. Вартоломеј I ќе присуствува на интронизацијата на новоизбраниот папа Фрањо. Информативната служба при Вселенската Патријаршија ја објави оваа вест вчера, потенцирајќи дека се работи за преседан непознат во Црквата по Големиот раскол од 1054 година, а сè во знак на приближување и сехристијанско обединување. Патријархот Вартоломеј ќе биде придружуван од […]

Чуму ни е пеколот?

Не беше Бог Оној Кој го создаде пеколот за грешниците, туку самите тие. Не го создаде Бог пеколот за грешниците, (туку) самите тие го создадоа. Претставникот на Руската Православна Црква на Европските Меѓународни Институции Епископот Виенски и Австриски Иларион, па барањето на Interfax-Religion, зборуваше за неодамнешниот предлог на данските лутерански теолози пеколот и демонот да се […]

Талмудот преведен на современ еврејски јазик

Рабинот Адин Стеинсалц, после цели 45 години, во ноември оваа година го заврши своето монументално дело – превод на Талмудот на современ еврејски јазик. Современиот превод рабинот Стеинсалц го започнал во шеесетите години на минатиот век, без да очекува дека ќе му бидат потребни дури 45 години да го заврши. Покрај преводот, рабинот понудил и […]

Ватикан: Римо-католичката црква е единствената вистинска Црква

Ватикан во вторникот (02 ноември 2010 година) издаде нов документ во кој го потврдува своето учење според кое Римо-католичката црква е единствената вистинска Христова Црква. Документот, кој содржи 16 страници е изработен од Советот за верска доктрина, тело-заштитник на ватиканските псевдо-верски доктрини и учења. Формулиран во вид на пет прашања и одговори, документот е насловен […]