Ограда против демоните: молитва и пост

Кога дојдоа при народот, пристапи кон Него еден човек, кој падна на колена и рече: „Господи, смилувај се на мојот син, зашто при нов месец го фаќа бес и се мачи многу; често паѓа во оган и често – во вода; го одведов при Твоите ученици, но тие не можеа да го излекуваат.” А Исус […]

Верата на стотникот треба да е и наша вера

А кога влезе Исус во Капернаум, се приближи до Него еден стотник и Го молеше говорејќи: Господи, слугата мој лежи дома фатен и многу страда.Исус му рече: „Ќе дојдам и ќе го излекувам.” А стотникот одговори и рече: „Господи, не сум достоен да влезеш под мојот покрив; но кажи само збор и слугата мој ќе […]

За здравото и болното око

Светило за телото е окото. И така, ако твоето око биде чисто и целото твое тело ќе биде светло; ако, пак, твоето око биде лошо, целото тело ќе ти биде темно. И така, ако светлината, што е во тебе, е темнина, тогаш каква ли ќе е темнината? Никој не може да им слугува на двајца […]

Десет духовни совети за Петровденскиот пост

1. Луѓето честопати се однесуваат неразумно, нелогично и себично – сепак, простувај им. 2. Ако пројавиш добрина, а луѓето те обвинат дека глумиш добрина заради скриени цели – сепак, и понатаму труди се да бидеш добар. 3. Ако си успешен, ќе здобиеш многу „пријатели“ и искрени непријатели – сепак, труди се да бидеш успешен. 4. […]

Очекувај искушенија

По Крштението, откако врз Него се симнал Духот во вид на гулаб, Господ бил одведен во пустина за да биде искушуван. Тоа е заедничкиот пат за сите нас. Свети Исак Сирин на едно место забележува: „Штом вкусиш благодатна утеха или од Господа добиеш некаков дар – очекувај искушенија.“ Искушенијата ја прикриваат светлоста на благодатта од […]

Не биди мрзелив и моли се за починатите

Браќа, не сакам да не знаете за умрените, за да не жалите како и другите, што немаат надеж. Оти, ако веруваме дека Исус умре и воскресна, тоа и упокоените во Исуса Бог ќе ги приведе со Него. Ова, пак, ви го велиме преку словото Господово, дека ние, живите, што ќе останеме до доаѓањето на Господа, […]

Во рајот ќе бидеш близу до Бога

Денес ќе ти кажам добри вести. И сакам овие вести да ги прифатиш од сѐ срце. И да ја почувствуваш радоста што те исполнува како кога слушаш нешто пријатно. Добрата вест што сакам да ти ја кажам е дека ќе одиш во рајот! Ќе се спасиш! Засекогаш ќе бидеш близу до Бога. Но, сакам да […]

Старец Гаврил Велички: Духовната глад секогаш ни е потешка од физичката

Можеме да помислиме: Дали Бог може воопшто да се осознае? Дали чисто и јасно изговорените зборови имаат сила да ја изгонат маглата пред нашите очи, за да можеме јасно да Го видиме Бога? А и кога би можеле сиот наш живот, од самото раѓање, па сѐ до смртта, да го посветиме само во размислување за […]

Вера со љубов, тоа е верата на христијаните

Оние што Го љубат, вистински веруваат во Бога – тие се вистински христијани не само по име, туку и на дело и со живот, затоа што без љубов, верата е јалова. Вера со љубов, тоа е верата на христијаните, а вера без љубов, тоа е верата на демоните. Св. Беда Достојнопочитуван Да се љуби Христос […]

Што се случува со нашите болести?

Во Нинбершкиот процес, еден нацист бил прашан: „Како можеше да убиваш луѓе, исти како тебе, во гасни комори?“ Тој одговорил: „Јас не ги сметав нив за луѓе“. Ете ви, зарем ѓаволот не го сака токму тоа – да престанеме да се гледаме едни со други како луѓе? Зарем не се случува гревот да биде негуван […]

Не плаши се, Јас Сум со тебе

Се случува, тешејќи го своето дете, мајката да му рече: „Не се плаши, јас сум со тебе“. Ете така и нашиот Творец, милосрдниот и човекољубив Бог, Отецот на изобилието и на секоја утеха, ѝ се обраќа на верната душа, која се наоѓа во искушенија и маки: „Не плаши се, Јас Сум со тебе!“ „Јас сум […]

Христијанинот живее како да е во пустина

Апостолот Павле вели дека Израелците, преминувајќи низ морето, се крстиле (1Кор. 10,2). Тоа крштение служело како знам за нивно разликување од Египќаните. А апостолот Петар додава: „(водата) и сега нѐ спасува со крштението, како исполнување на праобразот (1Птр. 3,21). И нашето крштение нѐ спасува и ни служи како преграден камен меѓу темните сатански области на […]

Раскинете ги срцата свои, а не облеката

Но и уште сега вели Господ: обрнете се кон Мене од сè срце со пост, плач и ридание. Раскинете ги срцата свои, а не облеката и обрнете се кон Господа вашиот Бог: зашто Он е благ и милосрден, долготрпелив и многумилостив и сожалува за злото. Кој знае дали нема да се смили и дали ќе […]

За измамниците

Од старешината – до избраната госпоѓа и нејзините чеда, кои вистински ги сакам, – и не само јас, туку и сите, што ја познаа вистината; поради вистината, која пребива во нас и ќе биде со нас секогаш. Да биде со вас благодатта, милоста, мирот од Бога Отецот и од Господа Исуса Христа, Синот на Отецот, […]

Повикани сме

„Зашто, мнозина се повикани (κλητοὶ), а малцина избрани.“ (Мт. 22,14) „Повикот“ или „призивот“ е општ за сите членови на Црквата, или ekklesia (од грчкиот глагол ekkaleo, што значи „да повикаш“). Сите ние сме „повикани“ по Негова волја (Рим. 8,28), според нашите лични, од Бога дарувани дарови и карактер. Но, не е лесно да се распознае […]