Минатото и иднината на кирилицата

Христос воскресна! Велат дека Кирил и Методиј го создале старословенскиот јазик. Тоа не е точно. Тие не го создале старословенскиот јазик и неговата азбука, туку црковнословенскиот. На тој јазик никој не разговарал. Тоа е вештачки јазик за писмо и молитва. Може да се рече дека Кирил и Методиј се нашиот православен Толкин. Толкин измислил нови […]

Похвално слово за светите и преславни учители на словенскиот народ

Кои му создадоа писменост и кои го преведоа Новиот и Стариот Завет на неговиот јазик, односно за блажениот Кирил и за Панонскиот Архиепископ Методиј Откако нашиот Бог и Спасител Исус Христос, поради Своето големо и неискажливо човекољубие, се смилува над човечкиот род, бидејќи не можеше да поднесе Неговото создание да биде држано од ѓаволската измама, […]

Евангелието на жената Самарјанка

Видете какви необични сведоци на Своето Воскресение поставува Господ пред нас, пред лицето на човечкиот род. Кого? Блудница! – Еве ја жената Самарјанка – шест мажи сменила, и неа Господ ја направил Апостол и сведок на Својата Божествена сила, на Своето Воскресение. Го слушнавте денес Светото Евангелие: Спасителот, изморен од патот, доаѓа на еден извор, […]

Распнатиот и Воскреснат Господ – Единствена Вистина

На Света Пасха, 2007 година Кога Господ заради нас, и заради нашето спасение тргнал на доброволно Страдање, бил одведен пред Пилат, на сослушување и конечно потврдување на смртната казна на која еврејскиот Синедрион Го осудил. Пилат, човек со философски интереси, кога од Господа чул дека Неговото царство не е од овој свет, и дека дошол […]

Слово на Велики Петок

на светиот Филарет, Митрополит Московски изречено на Велики Петок, 1816 год. Бог толку го возљуби светот (Јн 3,16) Можеби некои ќе речат, сега ли најде да говориш за љубовта? Сега ли, кога плодот на непријателството созреа во градината на Возљубениот; кога и земјата трепери од ужас, срцето на камењата се крши и небесното око се […]

Се сврши!

Пред неколку дена Го пречекавме Христос во Ерусалим, Кој како цар влезе во неговиот град, а сега пред нас мртов лежи. Му се придруживме на трпезата, јадејќи од лебот што го прекрши за нас, а сега Неговото мртво тело лежи пред нас. Ни ги изми нозете, а ние сега Го помазавме и Го погребавме. Се […]

Велики Вторник: Во очекување на Женихот

Tогаш царството небесно ќе заприлега на десет девојки, кои ги зедоа своите светилници и излегоа да го пречекаат младоженецот. Петте од нив беа мудри, а петте – неразумни. Неразумните, како ги зедоа светилниците свои, не понесоа со себе елеј; а мудрите, заедно со светилниците, зедоа во садовите свои и елеј; и бидејќи младоженецот се забави, […]

Похвала за четиридневниот Лазар

од свети Климент Охридски Ете, ни доаѓа напред светлозарното торжество, предвесник на Христовото воскресение. Ете, ни засветли светлозарниот празник на Лазар, кој ги отсликува Христовите чудеса. Ете, четиридневното воскресение Лазарево ги носи плодовите на тридневното воскресение Христово. Ете, вториот Претеча – Лазар, им се јави на оние што седат во мрак и во смртна сенка, […]

Беседа во петокот на шестата седмица од Великиот пост, на Инокентиј, Архиепископот Херсонски

Ден по ден, седмица по седмица, и еве, помина речиси целата света Четириесетница, иако, од друга страна, поради ненавикнатоста на воздржание и пост, можеби ни изгледаше бесконечна. Постот трае уште една седмица: но тие денови не ѝ припаѓаат на Четириесетницата, туку имаат посебно значење, бивајќи посветени на сеќавањето на страданијата Господови. Тие се како купола […]

Имало некој цар во некоја земја, мошне добар и дарежлив…

Сакам да ви кажам една поучна приказна: Имало некој цар во некоја земја, мошне добар и дарежлив, кој ги сакал сите еднакво, како свои деца, и за сите се грижел еднакво, но се грижел и за нивните души. Но и таа земја изобилуваше со блага, како што рече Давид: „Кај нив се намножија плодовите од […]

Беседа во Неделата на Православието

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух! Првата недела од Великиот Пост на јазикот на црковниот Устав се нарекува Недела на победата на Православието. Оваа недела се вбројува кон големите празници, и тоа не случајно, затоа што празникот на Неделата на Православието бил востановен во далечниот деветти век, поврзан со еден настан од […]

Последната средба: Недела на Страшниот Суд

Евангелско четиво кое се чита во Неделата на страшниот суд, зборува за таа последна, решавачка средба со Христа, која нè очекува сите нас, кога од овој живот ќе преминеме во животот на идниот век. Од Христовите зборови за Страшниот Суд дознаваме дека, единствен критериум по кој овците ќе бидат одделени од козите е односот на […]

Човекот и светот

Живееме во еден чудесен свет, чија совршеност отсекогаш го збунувала умот на човекот. Неговото совршено функционирање ги збунува умовите на великаните на науката. Космосот е тајна запечатена со седум печати. Со напорот на сите човечки генерации се одгатнува загатката на светот, но на луѓето не им поаѓа од рака да го допрат дното на мистеријата. […]

Похвално слово за св. Јован Крстител, за денот по Богојавление

на свети Климент Охридски Кога Јован Го виде (Исуса) како доаѓа при него како обичен човек во облик на слуга, се смути од ужас и обземен од страв повика, говорејќи: „Што правиш, Господи, па доаѓаш на водите (јордански) како обичен човек во облик на слуга? Каде Ти се бесплотните чинови кои секогаш врват пред Тебе […]

Св. Јован Шангајски: Богојавление

Беседа изговорена од свети Јован Шангајски, на денот на Светото Богојавление во Битола, во 1928 година Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух. Славејќи го Богојавлението, ние се сеќаваме дека Бог им се откри на луѓето како Троица и дека Исус им се јави како Христос. Каде се јави Христос? Каде го започна […]