Кој го мрази својот ближен, во смрт пребива

Постот, всушност, не е ништо друго, освен крстоносење. Ете, 40 дена треба да го носиме Крстот Господов. Кога постиш, речи си себеси: „Господ на Крстот умре, а мене ми е тешко денес да постам без леб!“ Кога човек ќе тргне во борба против гревот, тогаш гледа дека за време на постот, секој христијанин е крстоносец. […]

Темелната заповед: Да се љуби

Темелна, изворна заповед е – да се љуби. Мал збор, но со него се искажува сеопфатен чин. Лесно е да се рече: „Љуби!“, но не е лесно да се дојде до потребната мера на љубовта. Не сосем е јасно ниту како да се достигне. Поради тоа Спасителот ја вооружува оваа заповед со други правила што […]

Епископ Климент Хераклејски: Црквата на Живиот Бог

Видео запис од излагањето на Преосветениот Епископ Хераклејски г. Климент од овогодинешната Седмица на Светото Писмо, на тема: „Црквата на Живиот Бог – столб и тврдина на Вистината“. Црквата има есхатолошки корен, не треба да ја бараме во минатото. Колку и да сме носталгични за нашето древно наследство, сепак, треба да знаеме дека идентитетот на […]

Сабота пред Воздвижение

Браќа, мудрост, пак проповедаме меѓу совршените, но не мудрост од овој век, ниту, пак, онаа на преодните господари од овој свет, туку ја проповедаме Божјата премудрост, тајна сокриена, која Бог ја предодредил уште пред вековите за наша слава, која никој од господарите на овој свет не ја познал; зашто, ако ја беа познале, тогаш немаше […]

Оружје против лошите сили

Во она време, пристигна во Гадаринскиот крај, спроти Галилеја. А кога излезе Он на суво, Го сретна еден човек од градот, кој имаше бесови од многу години, и не облекуваше алишта, и не живееше дома, туку по гробовите. Кога Го виде Исуса, извика и падна пред Него, и гласно рече: „Што имаш со мене, Ти, […]

Јаировата ќерка

Денешното благовестие нè соочува со една чудесна евангелска глетка, која е сместлива во рамките на времето и просторот на планетава Земја и сообразна со секоја човечка генерација. Управникот на синагогата Јаир паднал пред нозете Исусови и Го молел да отиде во домот негов. Неговата единствена дванаесетгодишна ќерка била тешко болна и умирала. Христос Бог, нашиот […]

Беседа на Успението на Пресветата Богородица

1. Ако пред Господа е чесна смртта на преподобните Негови (види Пс. 115,6), и доколку за праведниците си спомнуваме со похвали, тогаш дотолку повеќе ни доликува споменот на Светата меѓу светите, преку Која настапи секое осветување на светите, односно на Приснодевата и Богомајката, да го совршиме со најголеми пофалби. Впрочем, така и пристапуваме денес, празнувајќи […]

Зошто си тажен? Заборави дека Христос воскресна?

Еднаш, додека студирав теологија во Париз, појдов кај мојот духовен отец и му се жалев за моите маки. Тој ме праша: „Зошто си тажен? Заборави дека Христос воскресна?“ Значењето на ова е дека Христос е господар на сиот наш живот, и животот во светот, и дека ние не го ограничуваме Неговото воскресение меѓу камените црковни […]

Во Градот на мирот

Радувај се и веселеи се граду Сионе, ликувај и радувај се Цркво божја: ете, Царот твој доаѓа во правда, седнат на осле, од младенците воспеван: Осана на висините, благословен си, Кој имаш безмерна милост, смилувај се на нас! (Јн. 12, 1-18) Празникот на Влегувањето на нашиот Господ и Спасител во Ерусалим е настан кој изобилува […]

За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Св. Фотиј Велики Денес, Дева Мајка се раѓа од една неплодна мајка и украсен е дворецот за доаѓањето на Господ Христос. Денес врските на неплодноста се скршени и дверите на Дева се оградени. Оти, како што неплодната утроба била мртва за намерите за зачнување, а сепак, спроти сите очекувања, изродила еден преубав плод, така и, со […]

Црковно Новолетие

Овој ден е наречен Начало на индиктот, Почеток на црковното новолетие (Нова година). Многу векови наназад, Новата година во нашата земја (Русија, м.з.) почнувала токму од овој ден. Подоцна, Новата година била преместена според западниот стил – на 1 јануари. А и во многу земји [денес] Новата година започнува различно. Во Азија, Нова година се […]

Св. Григориј Палама: Вознесение Христово

Беседа на св. Григориј Палама, архиепископ Солунски на Вознесение на Господ и Бог и Спасителот наш Исус Христос, во која се говори и за тоа како се исполнува законската (старозаветна) Сабота 1. Јудејците ја празнуваа Пасха според Законот, односно преминот од Египет во Палестина. Ние ја празнуваме евангелската Пасха, т.е. преминот на нашата природа во […]

Во водата на Силоам

Од аголниот камен на чудата Христови секогаш се прекршувала човечката вера и човечкото неверие. Уште од чудото на Неговото зачнување, па сé до чудото на Неговото вознесение. Отсекогаш, па и денес. Спасителот, во своето бескрајно смирение, се утешуваше: “Те прославувам, Оче, Господи на небото и на земјата, оти си го сокрил ова од мудрите и […]

Минатото и иднината на кирилицата

Христос воскресна! Велат дека Кирил и Методиј го создале старословенскиот јазик. Тоа не е точно. Тие не го создале старословенскиот јазик и неговата азбука, туку црковнословенскиот. На тој јазик никој не разговарал. Тоа е вештачки јазик за писмо и молитва. Може да се рече дека Кирил и Методиј се нашиот православен Толкин. Толкин измислил нови […]