Катавасија: Христос се раѓа, славете Го!

Секоја песна од каноните на празничната утрена се завршува со катавасија. Тоа се ирмоси кои се употребуваат на богородичните празници, иако некои од нив во деновите на големи богородични празници се прилагодуваат на празничниот настан и се менуваат. Постојат различни катавасии кои се употребуваат зависно од годишниот литургиски циклус, а најчесто се пее катавасијата „Отверзу уста моја“, која се пее во деновите кога не се празнува ниту претпразненство, ниту попразненство на некој од дванаесетте празници.

Овој период, од празникот Воведение (4 декември), до одданието на Рождеството Христово (13 јануари) на утрената се пее познатата (и на многумина омилена) катавасија „Христос раждаетсја, славите“.

На видео записот катавасијата ја псалмопее протопсалтот Георгиј Секулоски, заедно со псалтите Милош Дрпа и Константин Павлевски.

Христос се раѓа, славете Го; Христос (доаѓа) од небесата, пресретнете Го; Христос (е) на земјата, вознесете се; Пејте Му на Господа цела земја и со веселие, воспејте Го луѓе, зашто се прослави.

Оставете коментар

1 Comment on "Катавасија: Христос се раѓа, славете Го!"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted

[…] Катавасија: Христос се раѓа, славете Го! […]

wpDiscuz